Здраво дечки,
Сакам да студирам форензика и главно ме интересира дали најпрво треба општа медицина па да специјализираш форензика/судска медицина или право на ФАКУЛТЕТ судка медицина(ако има) бидејќи на гугл видов судска медицина во Скопје.
Фала ви <3
Пред се прво треба сама да разграничиш што сакаш.
Иако ги мешаат судска медицина и форензика не е исто, тоа се две гранки кои меѓусебно соработуваат. Судската медицина е гранка од медицината каде општиот лекар со подоцнежна стручна специјализација е оспособен со помош на најсовремените методи на медицината да даде стручно мислење за настанувањето, последиците и механизмите за настанувањето на смртта што значи дека е задолжителен медицински факултет. Тука спаѓа и општата обдукција, специјалната обдукција, патологијата итн. Покрај големата стручност ти треба и доста добар желудник и апатичност на највисоко ниво.
Форензиката е наука која има широк спектар на примени најчесто во правниот систем и медицината за одговор на скоро сите прашања поврзани со некое сторено КД. Тука спаѓа компјутерска форензија, балистичка форензика, токсиколошка форензика судско-медицинска форензика итн. што значи дека медицински факултет не е потребен. Доволен е факултет за безбедност, правен факултет, природно математички факултет (хемија). 4 години редовни студии + мастер форензика или во најдобар случај докторска дисертација од областа на форензичките науки.