Судството само на семејството на загинат припадник на безбедносните сили кај Вејце му додели 800.000 денари, помалку од парите за Костов. За останатите од Вејце процесот трае неколку години и немаат добиено ништо за претрпената болка.
За падот на „Кингерот“ кај Мостар родителите на Миле Крстевски добија по еден милион денари за душевната болка, слично како банкарот.
На семејството на Наташа Кметовска тројцата лекари требаше да му исплатат по 12.000 евра, речиси двојно помалку од тоа што Младенов треба да го плати на Костов.
За претрпената болка преживеаните од нападот кај Карпалак едвај добија по 3.000 евра, шест пати помалку од Хари Костов.
Семејствата на киднапираните од Тетово за претрпената болка поради ликвидација на блиските уште не добија ништо. Судот им бара да платат 24.000 евра за судски такси за да добијат по 20.000 евра од семејство.
Болката на Костов, според судот, исто се цени со таа на семејствата, чии членови беа киднапирани и убиени во конфликтот.