Судиите во македонските лиги

Black Night

Galvanize
Член од
25 септември 2008
Мислења
327
Поени од реакции
20
Што мислите за делителите на правдата на македонски спортови. Што мислите за овие луѓе. Дали некогаш сте се запрашале како е да си судија. Како е да се дели правдата на некој спортски натпревар пред многу публика, пред камери, да бидеш јавниот обвинител на теренот, да кажуваш што е во ред а што не е, да казнуваш за грешки и неспортско однесување,а публиката во неколку стотици а на поголемите натпревари и неколку илјадници луѓе, кои едноставно без разлика што ке пресудиш, ако нивниот тим изгуби тие те посакуваат за мртов.
 
С

сашенко

Гостин
Па, јас не би лично не би сакал да сум судија.Хехе.У право си за тоа дека што и да се досуди ако моите губат судиите се криви и мислам дека тоа нема никогаш да се смени зашто тоа не зависи од судиите туку од навивачите бидејки тие се најголемите критичари на судиите.А не верувам дека некој навивач после пораз на неговиот тим нема барем еднаш да го опцуе судијата (барем во себе).Па според тоа сакале-некеле,добро суделе-лошо суделе она старото "СУДИЈА ПЕДЕР" ке си остане уште долго.Иначе неам ништо против судиите но против навивачите пошто и јас сум навивач но стварно ме нервира некогаш кога ке претераат и судиите со некоја одлука а и навивачите зашо се губи убавината на спортот.

За тоа јас си пратам тенис.Таму нема многу судијата вака рече,судијава вака рече.Има систем кој тоа го проверува кој и покрај тоа што не ми се допаѓаше сепак излезе многу корисен.

Позз до сите судиите во мак.
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Toчно е дека судиската работа е многу тешка. Посебно дека во Македонија ич не се заштитени како во големите спортски земји.

Но ако немаш карактер за судија, да издржиш се и сешто, не се ни нафакај. За тие пари има и други професии :smir:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Не знам кој прифаќа да биде судија во Македонија?! :toe: Тоа е лудост, особено на фудбалски и кошаркарски натпревари во пониските рангови. Сметам дека за судија во Македонија човек треба да е гад... необзирен, ладен и со образ од ѓон. Од лично искуство, односно од малкуте судии кои ги имам запознаено, морам да признаам дека се можеби најлошите луѓе кои биле во мое опкружување.

А сум бил судија, и знам како е... публиката, и особено учесниците те гледаат како предавник во секоја ситуација, па доколку сакаш да бидеш навистина фер, треба да отвориш илјада очи и да бидеш сконцентриран во секоја секунда. Затоа и кога требаше да го работам тоа се откажав. Нема пари на светот кои ќе ме натераат да се однесувам така арогантно како што бара таа работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom