@TrickerMKD доколку престојуваш цели три месеци без виза во Германија, следните три месеци мораш да ги поминеш во Македонија..впрочем како што ти укажа и Магде, за временски период од 6 месеци можеш да седиш вкупно три месеци во европска земја, па твое е како ќе ги распоредиш..меѓутоа ако имаш веќе потврда дека си примен на курс паметно е да аплицираш за виза во германска амбасада, само планирај си го добро времето оти ќе те закажат за неколку недели, а визата ќе ја добиеш по отприлика еден месец од поднесувањето барање за виза.
@Смрт за зони и. Долна Саксонија е последната покраина која пред некое време ги укина партиципациите за школарина, меѓутоа за семестар (во сите државни универзитети ) се плаќа од 150-300 евра за семестар. Како и што спомна некој погоре, тие пари одат за бесплатна карта за превоз со автобуси, железница, користење библиотека, и така натаму. (некаде и бесплатни карти за културни манифестации се вклучени, попусти во супермаркети или големи продавници и така натаму). Ова важи само и само за државни универзитети, каде 98% од студиските програми се на германски(посебно додипломските). На приватни се плаќа по 18 000-20 000 евра пример од година (само партиципација)...
Не знам од каде ви се информациите дека тие од ЕУ земји не ги плаќаат овие 150-300 евра, или дека плаќаат повисоки суми за школарина. Значи, на државните универзитети СИТЕ ја плаќаат оваа сума вклучувајќи ги и Германците. А дека е поскапо или поефтино за нас, како државјани на не-ЕУ земја, не е точно. (За разлика пример од Данска, за нивните партиципацијата на факултетот на кој се распрашував беше 0 Евра, а за мене како не-ЕУ 50 000 евра(да се изјасниме со зборови, пеесет илјади евра од година, наспроти вкупно 560 евра годишно кои ги плаќам во Германија))
@BePaHa- зависи во кој град одиш.. Во Минхен, Хамбург или Штутгарт би ти требале 750 евра, во помали студентски градови поминуваш и со 600 евра месечно. Единствена препрека е јазикот. Сите државни универзитети ти бараат познавање на германски јазик на Ц1-Ц2 ниво. Е да, и не се маткај со нашите од студентски прашања туку прати му мејл на самиот универзитет. Добри универзитети за електро-и останати инжинери се Ахен и ТМУ.
Друго не ми текнува, ако имате некакви прашања комотно контактирајте ме, и јас бев баѓи изгубена пред да заминам.