Студирање во Германија

Член од
25 мај 2014
Мислења
11
Поени од реакции
1
Има ли некој искуство за студирање во Германија? Добив покана да учествувам на курс за јазик кој почнува за месец дена, а за виза треба најмалку 2 месеци. Дали би можел да престојувам таму без виза, на пр. 3месеци таму па се враќам 2 дена и пак одам ??
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.105
Поени од реакции
3.952

Малце не ја сфатив ситуацијата - значи ти си примен на факултет, и ти нудат/бараат прво курс за јазикот да поминеш пред да почнеш со предавањата? Или само за курс по Германски имаш аплицирано и планираш да одиш во Германија? За тој курс за јазик треба ли да бидеш веќе запишан на универзитетот или тек после курсот целосно ќе се упишеш? Оти за да се упишеш мора прво да ја добиеш визата...

БТВ во кој град ќе студираш?
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Има ли некој искуство за студирање во Германија? Добив покана да учествувам на курс за јазик кој почнува за месец дена, а за виза треба најмалку 2 месеци. Дали би можел да престојувам таму без виза, на пр. 3месеци таму па се враќам 2 дена и пак одам ??
Не.

http://eeas.europa.eu/delegations/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/documents/eu_travel/uvl_mk.pdf

Во кои земји може да се патува без виза?
Новите правила за безвизно патување се применуваат во сите земји-членки на ЕУ, освен Велика Британија
и Ирска, како и во Исланд, Норвешка и Швајцарија.
Колку време можат патниците да останат во Шенген зоната?
Граѓаните од поранешна Југословенска Република Македонија кои поседуваат биометриски пасош можат
да останат во Шенген зоната максимум до 90 дена од датумот на влез во период од шест месеци (180
дена). Овој период се смета од вашиот прв влез на територијата во рок од шест месеци. На пример, доколку
сте влегле во Шенген-зоната на 1 февруари, следниот шестмесечен период започнува на 1 август. Ако
често патувате во Шенген-зоната, ваша е одговорноста да го пресметате преостанатиот број на денови од
шестмесечниот период.
Оттаму, може да остварите повеќе кратки патувања, под услов дека времетраењето на сите тие патувања да
не е подолго од вкупно 90 дена во период од 6 месеци.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Има ли некој искуство за студирање во Германија? Добив покана да учествувам на курс за јазик кој почнува за месец дена, а за виза треба најмалку 2 месеци. Дали би можел да престојувам таму без виза, на пр. 3месеци таму па се враќам 2 дена и пак одам ??
Виза за што?
Нели има безвизен режим? Работна?

3 месеци туристичка виза или како и да се викаше?

П.С Нека ме корегира некој ако сум помешал/згрешил.
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.105
Поени од реакции
3.952
Виза за што?
Нели има безвизен режим? Работна?
Па самиот пишува за што,, со тоа што пред да почне со студиите прво треба да оди на курс за јазикот, па прашува дали може да оди како турист (без виза) за тој курс оти визата за студирање тек за два месеца ќе ја добие (оти таква е процедурата) а баш во тој му е уствари курсот...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Да (освен на приватните нормално)...
Бизмарк.... Бизмарк...
Колку што знам ниту патарина по патиштата не се плаќа. Сега нешто збореа да уведат патарина ама само за странци
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.391
Дали студирањето во Германија е бесплатно ( да не се плаќа школарина )
се плаќа паушално по 250 евра за семестар, ама тие не се за партиципација туку се за студентски превоз, студентски попусти, активности на факултетот, книги, библиотека, попусти за кино и театар ислично.
Скоро сите универзитети се бесплатни за студентите од ЕУ, но не е така и за студенти од не-ЕУ. НАјмногу од унверзитетие си имаат солена партиципација за студенти од не-ЕУ.
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.105
Поени од реакции
3.952
се плаќа паушално по 250 евра за семестар, ама тие не се за партиципација туку се за студентски превоз, студентски попусти, активности на факултетот, книги, библиотека, попусти за кино и театар ислично.
Скоро сите универзитети се бесплатни за студентите од ЕУ, но не е така и за студенти од не-ЕУ. НАјмногу од унверзитетие си имаат солена партиципација за студенти од не-ЕУ.
Да, заборавив да спомнам дека секој семестар се плаќа одредена сума од тие причини но тоа во принцип е 100 Евра, не 250..? :eek: Јес да варира од универзитет до друг ама не сум чул негде да е тоа повеќе од 150... Али не е ни битно, оти ако ти дојдеш тука да живееш на киријата и сите трошоци тие 100-200 евра од семестар за такви работи не ни имаат врска реално гледано...

А ова во врска со ЕУ и нон-ЕУ студенти прв пат слушам, кај мене исти се условите/цените и за двете а имам и 5-6 другари што исто тука студираат и кај сите е иста ситуација, ниеден од нас не плаќа школарина иако сите сме со Македонски пасош дојдени.. Може има некои универзитети кои се исклучоци и си тераат свои бизниси со странските студенти од кои прават пари, ама генерално мислам дека исти се условите и за странци и дека нема поголеми школарини за нив...

Исто тоа горе што го спомнавте дека не се плаќало патарина во Германија не е баш точно, нема права патарина како кај нас на автопат да ти наплаќаат, ама сите што имаат кола еднаш годишно уплаќаат такви трошоци (и тоа доста голема сума) и добиваат налепница на шофершајбната со која се покажува дека платиле патарина за следната година дена на пример...
 
Последно уредено:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
се плаќа паушално по 250 евра за семестар, ама тие не се за партиципација туку се за студентски превоз, студентски попусти, активности на факултетот, книги, библиотека, попусти за кино и театар ислично.
Скоро сите универзитети се бесплатни за студентите од ЕУ, но не е така и за студенти од не-ЕУ. НАјмногу од унверзитетие си имаат солена партиципација за студенти од не-ЕУ.
Па партиципација од 750 евра од семестар и не е баш којзнае колку солена ако земеш во предвид дека кај нас приватниве по 2000 евра земаат.

П.С Е сега во споредба ако си од ЕУ тогаш ништо не плаќаш ама тоа си се нивни привилегии.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Патничките возила во Германија не плаќаат патарина. http://de.wikipedia.org/wiki/Maut#Deutschland
Уште преговараат дали да воведат или не.

А за Германските универзитети, за јавните програми се плаќаат некакви такси во висина (макс) 200 евра. На ограничените/приватните програми цифрите се баеги поголеми. Зависи на каква програма ќе се запише самиот студент.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ако ти пратиле порака за посетување на курсот тоа би значело дека си веќе примен.Тогаш земи испечати ги потврдите дека си примен и иди во Германска амбасада да побараш студентска виза ( која исто така ти дава и право на работа ) кога ќе ти ја дадат студентската виза тогаш ги зимаш сите потребни документи и се запишуваш на германскиот факултет.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Како нов член ,поздрав :)
Имам едно можеби необично прашање.
Дали со завршена I-ва година од ФЕИТ Скопје, може да се продолжи со студирање во соодветен факултет во Германија? Колку би чинела една студиска година (просечно)? И кои се' препреки следат , ако воопшто има можност за продолжување на студирањето...
Благодарам....
 
Прашај во канцелариите на одговорните за еразмус програмата за размена на студенти. Мислам дека за ФЕИТ одговорна беше продеканката Кристина (порано професорка по Физика, сеа не ми текнува на презимето)- за секој случај прашај во Студентски прашања кој е одговорен тие ќе те упатат.
Како и да е, ептен е тешко да се најди нешто за во Германија, пошто додипломските студии на државните факултети се претежно на германски, а тие што се на англиски бараат сертификат за англиски јазик (ТОЕФЛ, ИЕЛСТ)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom