Стручна школа или гимназија?

Ќе се натегаме, ама ова не ти е на место. Учениците од ПТТ имаат огромен проблем со математиката на ФЕИТ, почнувајќи од гранични вредности, диференцијално и интегрално сметање, матрици и детерминанти, векторска алгебра во простор. Од друга страна, во Корчагин (најверојатно и кај другите гимназии со математички смер) се учи сето ова како задолжителен предмет. ПТТ може да е поврзано со Телекомуникацискиот смер на ФЕИТ, но не и со сите останати смерови. Брат ми заврши во ПТТ затоа и зборам. Пример, првите колоквиуми од електртехника 1 и 2 се однесуваат главно на субмикроскопските електрични и магнетни процеси, работи кои во ПТТ не ги учат. Исто така, нема предмет поврзан со програмирањето, што е огромен минус бидејќи кога ќе дојдат на ФЕИТ почнуваат апсолутно од нула (освен ако некој не си истражувал сам) и потребно им е време за да ги разберат основните поими на било кој програмски јазик. Додека да ги разберат поминала третата сесија.
Бидејќи на ФЕИТ не постои статистика од кое школо колку се успешни студентите, ќе ја земам матурата по математика како некој репер. Гимназиите ги држат првите места. Во Корчагин 5 години по ред не паднал ниту еден ученик на испитот по математика (ниту по македонски). Од друга страна, ПТТ е при дното на листата. Значи, матемaтиката им е слаба страна. Секоја чест на исклучоци, мора да ги има. Кога би бирал средно стручно школо ќе го изберам Михајло Пупин а на ПТТ нема ни да помислам.

Јас гимназија имам завршено.

Освен ако не иде во Корчагин секоја друга гимназија е гола вода.

Во ПТТ се учат практични работи + имаат и задолжителна пракса.4 години по ред да иде на пракса за насоката која сака да ја учи ќе и помогне многу + програмирањата прва година се гола вода тоа не знам човек кој ги нема поминато.

Физика највеќе ти зависи од професорот.

Математика бара вежбање огромно.

Кај мене тие што беа од ПТТ Електротехника ги имаа основите се што учевме само не го разбираа математичкиот дел.Гимназијалците најголем дел не го разбираа ни едниот ни другиот се од почеток учеа.

Во краен случај најважно е колку ќе учиш на факултет.Има и од Коце со редовно дадени испите,а од корчагин што во една година запишуваат 4та,3та,2ра и прва година предмети.
.
 
Ако сакаш после да продолжиш понатаму на факс за компјутерско инжињерство одбери гимназија, оти повеќе се изучува математиката, доколку не одиш на ваков факлутет одбери си стручно, ќе ти се најде утре за било што.
 
Абе оти си прајте бајрам со умот, која гимназија бе луѓе ќе се заебите, средно техничко ги учиш основите, на факултет (претпоставувам на технички ако планирате да одите) работите површно се спомнуват и работата е то шо гимназијалците првпат ќе сретнат поими во животот, за разлика од техничарите шо ќе знаат голем дел од то. Ова е мое мислење, а глеам има луѓе шо се во дилема и ги силите ко точаци на удолница. Сега е време да се одлучиш шо сакаш да бидиш во животот ;)
Според мене дефинитивно стручна школа.

Гимназија ти е школо каде што ти даваат рок плус 4 години да одбереш што сакаш да бидеш. Сто пати подобри одлуки се носат за кариера на 19 години отколку на 15.

И послем 100 пати поќе ќе има проблеми со стручните предмети на некој од техничките факултети.
 
Секој ќе ти пише според тоа што он завршил или учи, бранење на свој став и избор на школа.
Јас би ти препорачал да идеш стручно, но кога велам стручно тоа значи да одбереш струка која би сакал/а да ја работиш и да продолжиш на факултет со истото, не да запишеш економска па да идеш на филолошки, кога нешто почнеш идеш до крај и биднуваш master по тоа.
Најперспективни се информатичка струка и медицина, електро исто, а од економска, јазични смерови веќе нема леб, секој 4 студент студира или Право или Економија или Јазици.
 
Ни факултет ни срања само врски и можеш и председател да бидеш еден ден...само со врски...
 
немојте да се заебете корчагин зошто ќе скапете од учење.
имам другар таму, значи се скапуваат од учење и вежбање
математика, знае 100 пати повеќе од мене и на крај он тројка,
јас во ПТТ исто тројка, а цела година само 5 страни дали
напишав во тетратка.
 
Според мене стручна школа е многу подобро од гимназија. Ако знаеш што сакаш да бидеш во иднината најдобро е да си определиш стручна школа. Гимназијата за мене претставува за оние кој немат избор, и после шо и да одат на факултет пак јово на ново ќе учат и ќе им биде многу потешко бидејќи нема гимназиски факултет ;)
 
Стручно на никого не би му препорачал.Имаш 15 години,до 19 минимум уште 5 пати ќе смениш мислење што сакаш понатаму и многу подобро ќе видиш во средно што ти иде најдобро него во основно.
На крају крајева средното и не е толку битно.......,а гимназијата ти дава многу подобра шанса ако се премислиш.
 
немојте да се заебете корчагин зошто ќе скапете од учење.
имам другар таму, значи се скапуваат од учење и вежбање
математика, знае 100 пати повеќе од мене и на крај он тројка,
јас во ПТТ исто тројка, а цела година само 5 страни дали
напишав во тетратка.
Ама затоа после другар ти ко од шала ќе го пројде факултетот.
 
Вие па ама ја тупите, ѓомити ако се запише стручно после мора да оди на некој електро/машински факултет. Шо знам мене предметите до 8мо одделение ми беа крајно досадни и сакав нешто да учам што утре ќе го применам во животот макар и да знам да сменам ламба. За мене гимназијата се 4 изгубени години, пошо искрено ко машко незнам, струја муја едно друго, утре и на угостителско факс да се запишам, тоа што сум го учел во средно ќе ми остане, и ко машко мислам дека редно е да го знам. Па сега зависи кој како си сфаќа.
 
немојте да се заебете корчагин зошто ќе скапете од учење.
имам другар таму, значи се скапуваат од учење и вежбање
математика, знае 100 пати повеќе од мене и на крај он тројка,
јас во ПТТ исто тројка, а цела година само 5 страни дали
напишав во тетратка.

Бројката на оцена ќе ти биде важна само за упис на факултет. Подоцна нема никакво значење. Ќе дојдат математика 1, 2, евентуално и 3 или Линеарни трансформации па некој ќе поминува релативно лесно, а некој ќе си има мака со двојни, тројни, комплексни интеграли and shit.
 
Чекајте чекајте, во многу лоша насока појде муабетов. Значи на девојчето и се едни прашањата, сите ја насочуваат кон нешто друго.

Вака еве ти објективно гледано. Ако отидеш во стручно школо како Михајло Пупин(Коце) имаш колку сакаш стручни предмети. Ке учиш за компјутери, програмирање, електроника, автоматика, електротехника, пракса со све и свашта, дигитални системи и да не набројувам понатаму. Доколку понатаму продужиш на финки, електро, машински или таков факс, ке ти биде супер. Само го надоградуваш знаењето, додека другите гледаат ко телиња во шарена врата. Имам слушано дека најдобрите студенти од Електро(за мене најтешкиот факултет) излегуваат ученици од Коце. Е сеа Коце колку е за женски, не би рекол, ама доколку отидеш да си учиш, ти ке успееш.

Е сега, гимназија ти е меч со две острици. Може понатаму ништо да ти значи, а може и нешто. Ке учиш од све по нешто, а ништо конкретно. Математиката се учи во поголема количина одколку во Коце, но доколку земеш изборен предмет Математика ке учиш 5 часа неделно, што не е малку. Гимназија ти е за неодлучни личности. Ако ти си цврсто решена и знаеш што ке студираш понатаму, лесен ти е изборот сега. Ако се двоумиш и не си решителна, гимназија дефинитивно би ти препорачал.

Разграничи ги тие работи и немој да спиеш на тоа уво дека тоа што ке завршиш, тоа ке бидеш еден ден. Шансите се 20:80 :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom