еци^^^
Walking the line of nature's palm
- Член од
- 9 декември 2005
- Мислења
- 2.945
- Поени од реакции
- 58
Едно од најатрактивните случувања во културниот живот во Македонија е редовното одржување на Струмичкиот карневал, со кој 1995 г. градот Струмица стана член на фамилијата на FECC-Здружение на еврепските карневалски градови
Овој пагански обичај, кој своите корени ги влече далеку во минатото, секоја година за време на христијанскиот празник Тримери(првите три дена од празникот Прочка, односно првите три најстроги посни денови од големите Велигденски пости), како една убава традиција привлекува луѓе од сите краишта на Македонија, но и пошироко. Евлија Челебија во 1670 година, патувајќи низ македонија, за Струмица забележал:
„Дојдов во еден град расположен во полите на еден висок баир и видов како таа ноќ маскирани луѓе претрчуваа од куќа до куќа, низ смеа, писок и песна”
Во тие три дена, цела Струмица живее со карневалот. Градот е жив, активен и отворен да ги прими сите посетители и љубопитни луѓе заинтересирани за овој тип на ритуално изразување. Отсекаде надоаѓа врева, се појавуваат зооморфни и антропоморфни маски, се слушаат песни коишто на симболичен начин сакаат да ги уплашат и истерат лошите сили. Се смета дека карневалот во основа претставува пародија на свадба, во која се задолжителни маските на младоженецот и невестата, циганот и циганката со бебе, момчето со голем фалус, маските со изразени еротски мотиви, што во суштина се сведува на напор за обезбедување на плодност, берикет и една сеопшта благосостојба.
Од друга страна пак, надвор од традициите, ѕвездениот град таа вечер сјае како никоја друга! Се постигнува кулминација во поглед на: гужвата, гласната музика и расположените лица во центарот на нашиот град...вреди да се посети Струмица таа вечер.
Оваа година, Струмичкиот карневал ќе се одржи на 7-ми Март! Ги очекува сите кајгаџии да ни бидат гости таа вечер!!
(изменето од Acid, фала за поправениот текст Carlito Brigante)