Ова со 24 годишната девојка што ги запалила алиштата само ги поттикнало дрвокрадците. Кога виделе дека гори од другата страна намерно е подметнат пожар. И денес за време на погребот повторно бил активиран. Сепак е за профит. Не знам какво срце треба да има човек додека трае погребот пак да го направи истото.
Браќата се враќале да ги спасат децата што урлале и викале за помош, инаку имало и други луѓе со нив што успеале да се вратат порано и да не ги зафати стихијата. И џабе одат луѓе да сликаат и снимаат со мобилни (сеирџии), необучени за гасење, само предизвикале паника и поголема штета. Од друга страна многу полошо што заврна дожд бидејќи се ослободува јаглерод диоксид и луѓето почнале да се гушат.
Заев за Интел прееска даде изјава да не се шират шпекулации меѓу граѓаните дека не му била пуштена помош бидејќи била побарана во моменти кога се спремала бура. А кој би летал кога знае дека ќе има невреме? Најмалку се потребни политички препукувања, сите сме луѓе и барем овие нешта не треба да се искористуваат за партиски клеветења.
Како и да е, луѓето заминаа и барем да извлечеме поука за човечност од ова, ако не нешто друго.