Струен удар (причини и како да се заштитиме)

Член од
15 март 2010
Мислења
5.865
Поени од реакции
6.375
Здраво, незнам каде би го поставил прашањето па затоа решив во општи муабети. Ако е несоодветно преместете.

Имено само во последниот месец/два починаа 2 млади момчиња од струен удар во бањата во во нашата држава, значи за време на туширање. Малку сум загрижен и ме интересира како доаѓа до овие струјни удари? Бојлерот во моето купатило е директно над кадата и со страв влегувам да се туширам во поседно време, па ме интересира повеќе околу ова? Претпоставувам дека е тоа лошо позиционирање на бојлер?
Сигурно дотраена инсталација би можела да е причина за последниот случај во Пиперево-Струмичко 25 годишно момче загина. Но немаше подетални информации како дошло до струјниот удар. Затоа ме интересира кој се најчести причини , како да се заштитиме , па пишувајте и општо за контакт со струја како да се заштитиме , совети и искуства .
25 годишно момче почина од струен удар додека се туширало
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495

Не се бањај никогаш со вклучен бојлер :)
 
T

Tetro

Гостин
Прво и основно, НЕ ИГРАЈТЕ СИ СО СТРУЈАТА!!!

Наизменична струја која е еднаква или поголема од 50 ma може да го доведе срцето во состојба наречена вентрикуларна фибрилација. Ова е состојба во која срцето не чука рамномерно и потполно и притоа крвта не циркулира низ телото и мозокот. Ако веднаш не се пристапи кон помош на жртвата на струјниот удар, смрта настапува за неколку минути. Кај многу силен струен удар може да настане до целосен прекин на работата на срцето како и прекин на дишењето.

Еднонасочната струја е малку побезбедна во тој аспект, зошто треба многу поголема струја да протече за да настане вентрикуларна фибрилација.

Исто секој струен удар носи и други можности за повреда, изгореници, скршеници од пад доколку жртвата е на високо, на бандера, на скала и сл.

Високо фреквентните струи кои ги создаваат Теслините трансформатори, се исто опасни, но сепак не до толку, зошто има нешто што се вика површински ефект (skin effect). Но сепак не треба да се допираат лаковите од Теслините трансформатори, иако многу луѓе го прават тоа. Ова е особено не треба да се прави кај големи трансформатори кои можат да дадат смртносна струја дури и на секундарот.

Flyback драјверите со NE555 кои се напојуваат со 12 - 15 волти обично се безбедни, не сепак не допирајте на излезот.

Маzzili (ZVS) драјверот не е безбеден оти може да даде голема струја на секундарот.

Во секој случај почетници не треба веднаш да почнуваат се високо напонски проекти.

Како да се помогне на некој што е жртва од струен удар?
Најпрво, исклучете ја струјата, ако не можете да ја исклучите, отгрнете ја жртвата од изворот на струјниот удар, со некој предмет кој е изолатор на пр. суво дрво-штица, пластика и сл.

Не допирајте ја жртвата со голи раце додека струјата е вклучена или жртвата е сеуште во контакт со изворот на струјниот удар оти и вие може да настрадате.
После ова проверете дали има пулс и дишење ако има, и жртвата е во свесна состојба, најверојатно се е во ред.

Ако нема пулс и/или дишење и жртвата не е во свесна состојба, веднаш треба да се викне брза помош.
Ако знаете како се работи тоа, започнете со масажа на срцето и вештачко дишење.
Ако струјниот удар настанал како резултат на гром, важат истите правила за помош, со тоа што безбедно е да се допре жртвата веднаш, односно не постои ризик на струен удар за оној кој ја пружа помошта.

Неколку основни правила за заштита од струен удар

Рацете секогаш нека ви бидат суви.

Никогаш не работете кога струјата е вклучена. Ова особено важи за 230 волти.

Кога мора да работите “под напон“, користете квалитетен, изолиран алат предвиден за таква работа. Исто со едната рака држете го алатот, додека другата ставете ја во џеб или зад грб. Со ваквиот начин на работа ќе избегнете ситуација на струен удар во кој струјата ќе протече од едната рака во другата и низ градите и срцето. Со ова и да доживеете струен удар нема да добиете вентрикуларна фибрилација. Исто носете суви и добро изолирани чевли со гумен ѓон.

Бидете особено внимателни кај проекти и уреди кои не користат трансформатор. Правење на вакви проекти и поправка на вакви апарати не препорачувам за почетници.

Внимавајте при работа со акумулатори, овде нема можност за струен удар, ама има можност за изгореници и пожар, оти при краток спој акумулаторите даваат огромна струја која брзо може да ги загрее проводниците до точка на топење.

Не допирајте намотки, антена и сл. од предавател или високо фреквентно појачало кога тоа работи, особено ако моќноста е над 10 - 15 вати, зошто може да се здобиете со изгореници.

Ова е во кратки црти, и најважното правило од сите е бидете внимателни.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Кога се чепка во струја треба да се носат гумени ракавици,или чевли со гумен ѓон(мајка ми така се спаси од едно шпоретче мало :D )
При струен удер теба да се закопа удрениот во сува земја(еден така кај мене поправаа трансформатор па за малце ќе умреше и он)
Тој што е удрен дури е на изворот на струјата не трењба да се чепка...
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Јас бољерот го исклучувам од индикатор ( мислам така се викаше) и внатре од термостат. Неколку пати има пукнато од внатре и е правен,а еднашка една недела по тоа за време на бањање ми пукна сијалицата, не можете да замислите која паника ме фати не знаев што се случи, мислев од бољерот пукна цела струја. :LOL: Стана темно, и не можев да исклучам водата, а имам фобија од чешми и ме фаќа паника кога не можам да ја затворам! :pos: Знам дека е глупо, ама тоа е...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.804
Поени од реакции
3.057
Кога сме кај напонот и ваква тема да прашам, и кај нас напонот го смениле во 230V ?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Кога се чепка во струја треба да се носат гумени ракавици,или чевли со гумен ѓон(мајка ми така се спаси од едно шпоретче мало :D )
При струен удер теба да се закопа удрениот во сува земја(еден така кај мене поправаа трансформатор па за малце ќе умреше и он)
Тој што е удрен дури е на изворот на струјата не трењба да се чепка...
Еден професор (на електро факултет сум) ни кажа дека ова закопувањево во земја е најголемата можна глупост што постои :icon_mrgr:
 
Член од
19 јуни 2012
Мислења
404
Поени од реакции
417
Јас бољерот го исклучувам од индикатор ( мислам така се викаше) и внатре од термостат. Неколку пати има пукнато од внатре и е правен,а еднашка една недела по тоа за време на бањање ми пукна сијалицата, не можете да замислите која паника ме фати не знаев што се случи, мислев од бољерот пукна цела струја. :LOL: Стана темно, и не можев да исклучам водата, а имам фобија од чешми и ме фаќа паника кога не можам да ја затворам! :pos: Знам дека е глупо, ама тоа е...
како изгледа тоа ? :)
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
1.449

:pos: Добар си. :)
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Се сеќавам пред неколку години имаше случај во Прилеп (не сум сигурен) кога жена загина од струен удар во бања заради врзано заземјување со водовните цевки кај некој од соседите (во куќа) - страшна работа....
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.804
Поени од реакции
3.057
Ми падна интересно, едниот асистент по мерна техника ни вика дека сега е 230V, а кога му спомнавме на Електроника професорот ни вика цитирам "Пффф јас две книги имам напишано(голем фалбаџија) 220V ти е бла бла немало врска".

И две контрирани страни иако мислам дека сега ни е 230.

Инаку за напонот доста интересни информации, и има табела во кои земји колку е напонот, негде 120, негде 240, негде 50Hz негде 60Hz каде може да варира каде не (означено со *) и зато не е препорачливо да земате некои електрични уреди со вас кога патувате во други земји бидејќи не сите имаат толеранција кога се работи на кој напон функционира уредот.

http://kropla.com/electric2.htm
 
Kajgana Shop

На врв Bottom