Ст'клен дом - Стаклен дом

Член од
6 август 2011
Мислења
2.067
Поени од реакции
2.344
Феноменална семејна драма ,балкански хит,културен шок ,светско ниво на режисура, камера и сценариjа.????

СТАКЛЕН ДОМ - fre comments

Радина К'рджилова - една од звездите во ,, Стаклен дом,,







 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Види ја ти Сијана... :)
Инаку серијава е навистина добра, не само за балкански услови, туку и за пошироко. Секоја наредна епизода дејството станува се' поинтересно.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
не ја гледав у петокот, што се деси со Дани дали ќе умре?
 
Член од
11 октомври 2008
Мислења
1.258
Поени од реакции
101
Ццц уште грчки да почнеме да гледаме и се ќе е под ред (y) п.с Не се замарам со турски, бугарски срања и сл..
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
310
Поени од реакции
101
Ви викав јас дека ќе има добри пичиња.Вие не ме слушавте:)Немам многу време инаку и јас ќе ја гледам.Али не ми е криво.Секоја недела си одам и во живо си гледам блгарки :P:P
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Ви викав јас дека ќе има добри пичиња.Вие не ме слушавте:)Немам многу време инаку и јас ќе ја гледам.Али не ми е криво.Секоја недела си одам и во живо си гледам блгарки :P:P
каде бе? :)
 
Член од
17 април 2009
Мислења
32
Поени од реакции
5
ЗОРАН ПЕТРОВСКИ, РЕЖИСЕР на бугарската сериЈа „стаклен дом“


Македонецот Зоран Петровски е еден од тројцата режисери што застанаа зад камерата на бугарската серија „Стаклен дом“. Има триесет години, роден е во Скопје, завршил филмска режија на Академијата во Софија и таму веќе 10 години извонредно успешно работи. Етаблиран е во софиските уметнички кругови и го познаваат како вонсериски талентиран за филмска режија, но и како автор на спотови, реклами и кампањи. Досега не работел во својата татковина и голема желба му е да направи филм или серија која ќе биде македонски извозен продукт.

„Стаклен дом“ потврда за квалитет

Серијата „Стаклен дом“ доживува балканска слава. Во Македонија станува вистински хит. Како се најде во тимот што ја создава?

- Ме радува фактот дека серијата ја живее славата која ја достигна во Бугарија, насекаде по Балканот, а особено во Македонија. Убаво е кога квалитетен продукт, како што е „Стаклен дом“, ќе добие потврда за квалитетот и од самите гледачи, што е доказ дека има вистинска вредност. Како се најдов во тимот на оваа хит-серија е навистина склоп на околности во кој судбината има замешано прсти. Тоа е кога многу работи во еден момент треба да се случат точно како што се случија и јас да бидам дел од тимот. Завршувајќи ги студиите и работата на многубројните проекти, првенствено рекламните кампањи ме задржаа во Софија и ми овозможија да сум во тие продуцентски, режисерски и актерски кругови. Секако, движејќи се во тие кругови, секогаш има некој што ќе те забележи и што ќе го заинтригира работата која ја правиш, особено ако ја правиш квалитетно и креативно. Сепак, да незвучи премногу сериозно како станав дел од тимот во целата случка имаше и еден интересен момент кој беше можеби искрата што ме направи дел од тимот.

Помалку филмски, но навистина финалниот договор за работата во серијата ми почна малку чудно, пред околу една година во еден од софиските клубови јас средно трезен со девојка на прв состанок малку нервозен се сретнав со еден мој пријател, кој пак е близок познајник на главниот продуцент Димитар Гочев. Таму се запознавме и тој ми кажа дека слушнал за мене. Ме покани на состанок на кој се запознав и со другите двајца продуценти - Митовски и Цанков. И по една недела почнав да ја подготвувам мојата прва серија. Ете тоа биле моите 5 минути. Седма серија од првата сезона беше мојот прв ангажман во „Стаклен дом“, така што тоа е моментот кога јас станав дел од овој интересен и успешен тим.

Серијата, познавачите ја оценуваат како сериозно направена како од актерски така и од режисерски аспект. Каде го научи занаетот?

- Занаетот започнав да го учам сам и желбата, како и креативноста која ја имав ме мотивираа да работам с` повеќе и да навлегувам с` подлабоко во оваа уметност. Сепак, тоа е доволно да се започне, само професионалното образование кое го стекнав студирајќи на Академијата за филмска и театарска уметност во Софија беше моментот кога ги усовршив моите знаења. Сега по поминати речиси 10 години од моето живеење во Софија и работа на многубројни проекти за бугарски и странски компании, меѓу кои банки, мобилни оператори, државни институции и што ли уште не, можам да кажам дека сум веќе мајстор на занаетот.

Но како и со секој занает, иако си мајстор, не треба да застанеш со усовршувањето. И еден ден кога ќе направам филм кој ќе биде оценет добро на светско ниво и ќе го донесе првиот „Оскар“ со кој Македонија ќе се гордее, ќе раскажам како интересно и филмски сум започнал.

Се има впечаток дека снимањето на серијата е забавно.

- Целата екипа која работи на серијата, а која се снима веќе трета сезона, сме како многу блиско и неразделно семејство. Се расонуваме со гафови и скечеви. Откако снимивме една тешка сцена, за да се разведри целиот тим главните ликови Камен и Ставрев ја играат истата сцена, но како да се геј-двојка. Секако има и понекој гаф кој се случува за време на снимањето на сложени сцени или каскади, кој ги повторуваме и тие остануваат само за нас, за интерна употреба. Тоа е убавината да си зад кадарот нели, секогаш гледаш повеќе од гледачите пред телевизорот.

Со која од актерите беше најлесно да се работи?

- Со повозрасните актери кои имаат големо филмско и театарско искуство е полесно да се работи, но убавината на „Стаклен дом“ е тоа што има и млади актери кои потешко се справуваа со поставените задачи, но со текот на снимањето созреаја во врвни професионалци. Но има и еден трет вид, а тоа се преубавите актерки и топ-модели кои допрва ќе се појавуваат во серијата. Со нив е најтешко затоа што камерманот тешко успева да се фокусира на кадарот што е потребно да го сними, расеан од свилената ноќница на преубавиот топ-модел. Тон-мајсторот исто така нема каде да го закачи микрофонот, затоа што с` е проѕирно, а режисерот седи и гледа ладнокрвно, не забележувајќи што има пред него. Ете тоа е и дел од тежината на професијата која мораме секојдневно да ја носиме, нели!

Сепак, шегата настрана, за недисциплинирани актери не може да има на проект од оваа величина, а ексцентричноста можеби помалку се забележува кај големите ѕвезди.


Ценети во странство

Си завршил студии на Академијата за филм во Софија, но по завршувањето си останал да работиш во Бугарија. Зошто (подобри услови за работа, контакти...)?

- Навистина несвесно останав, никогаш не сум имал план да останам или да емигрирам некаде. Но веќе минаа многу години како работам тука и можам да кажам дека постојано сум затрупан со проекти, и таа динамика те понесува и не ти остава време да мислиш каде си, туку мислиш што правиш таму каде што си. Започнуваш едно, додека си го завршил дошло друго, па трето и додека си се завртил поминале 10 години. Изминатиот период имав можност да работам за сите познати продукции во Бугарија. Единственото нешто што го правам во Македонија, а го правам затоа што тоа е бизнисот на иднината кој не е врзан со локација, тоа е интернет-бизнисот. Мој проект, кој ми претставува задоволство да го работам и е на некој начин поврзан со тоа што работам професионално е единствениот македонски видеопортал www.mesto.com.mk. Идејата е да се направи видеопортал на македонски на кој секој што има видео или сака да сподели интересно видео може да го направи на локален сајт и тоа да биде видено првенствено од локална публика. Отсекогаш ми се допаѓала кампањата за купување македонски производи, дури и во моментов на мојот телефон ја имам лепенката за македонски производи со сонцето.

Би се радувал моите успеси да стигнат и до Македонија и да започнам да работам на некој интересен проект во Македонија, и сето тоа што го правам тука да започнам да го правам таму за истите работи што ме врзаа тука 10 години да ме врзат во мојата родна држава.

Колку од македонските студенти во Софија се решаваат да останат таму да работат?

- Многумина од македонските студенти останаа, многумина заминаа на различни страни од светот, но голем дел се вратени и имаат успешни кариери во Македонија. Во Софија има многу Македонци кои работат во различни сфери и можам слободно да кажам дека сите се успешни во тоа што го работат. Ценет кадар сме тука, а и насекаде, според мене, затоа што сме работници и не се жалиме од работата, а тоа ни помага да успееме да дојдеме до највисоките позиции и да работиме за високи хонорари.

Пред петнаесетина години балканската телевизија беше преокупирана со латино-американски серии, па потоа со турски и понекоја хрватска, за првпат македонската публика има можност да види бугарска серија. Колку ваквите, таканаречени семејни серии, се тренд во Бугарија?

- Точно така, како на Балканот, така и во Бугарија последниве неколку години е преплавено со серии од различни држави и се вистински тренд гледајќи го рејтингот и популарноста. Семејните серии насекаде го имаат главниот телевизиски термин. Во Бугарија нова мода се домашните серии и интересно е тоа што „Стаклен дом“ ги потисна сите останати со самото појавување. Многу бргу стана хит-серија и придонесе снимањето серии да биде нова мода во телевизиската продукција во Бугарија. Пред „Стаклен дом“ беа направени неколку серии, но со слаб квалитет. Публиката научи да го цени квалитетот на продукцијата и проекти направени со малку пари и слаб професионализам се осудени на пропаст. Не случајно, според мене, токму „Стаклен дом“ е првата серија од Бугарија која е купена и се емитува и во Македонија. Во моментов со истата екипа работиме и на втората серија од која е снимена една сезона, тоа е серијата „Под превезот“, во која исто така сум режисер.

Ќе направам македонска серија

Би работел ли во Македонија и под кои услови?

- Со задоволство би работел, секако на секого му е желба да работи во сопствената држава доколку има реална можност. Би работел секаков вид продукција како што споменав, филмска, сериска, рекламна и единствен услов се професионалноста и коректноста, на што настојувам. Не би работел доколку не видам дека проектот има издржаност од аспект на тим кој го работи и финансиска конструкција реална без добро познатите во Македонија - компензации.

Колку си запознаен со македонската кинематографија?

- Со голем интерес следам како се развива македонската кинематографија. Причина повеќе да сум во тек со некој од работите е и тоа што многу мои пријатели, актери што студирале во Софија учествуваат во македонски продукции. Следам и какви се состојбите со телевизиската продукција и морам да признаам дека некако посакувам наскоро да се отвори можноста да се направи нешто големо и интересно во Македонија, нешто по моделот на „Стаклен дом“ што би било успешно и би било популарно надвор од државата.

Имаш ли можеби идеја да конкурираш во македонскиот Филмскиот фонд за поддршка на филм?

- Секако, амбицијата за филмската продукција е кај секој режисер. Очекувам да го препознаам вистинскиот момент и да започнам со реализацијата на нешто што во моментов го подготвувам, а тоа е долгометражен игран филм за кој имам идеја да го направам во македонска копродукција. Тоа би било интересно и убеден сум дека би било успешно како финален продукт, но затоа да не ги откриваме сите тајни, да оставиме нешто и за пријатните изненадувања кои допрва следуваат да бидат видени.
Скопје е дел од мене
Ти недостига ли Скопје?

- Ми недостига постојано. Иако е град со многу недостатоци, има некоја магија што не ти дозволува лесно да го заборавиш и постојано помислуваш на него. Тоа е мојот роден град и ја носам неговата енергија како дел од мене. Но кога конкретно би ги кажал работите што ми недостигаат најмногу, би започнал од највкусните кифлички со руска салата подготвени од мајка ми, релаксирачкиот и секогаш забавен риболов со татко ми, конструктивните мали кавги со брат ми, планинарењето со тетин ми, како и безбројните и бескрајните кафиња со пријателите. Последното е како заштитна марка за градот Скопје и тие дневни кафенца се нешто што му недостига на секој скопјанец што живее надвор од државата. Нема такво нешто никаде, и ако знаеш да уживаш во тоа толку едноставно пиење кафе, знаеш да уживаш во животот.
Софија има пазар на можности
Што е тоа што Софија ја прави подобро место за твоја професионална афирмација?

- Софија е мошне интересен град за живеење, и лесно човек ја засакува. Самата големина на градот, спојот на современото и топ-модерното донесено од светот со традиционалното и старото останато од векови наназад ја прави навистина убаво место за живеење. Секако, можностите кои ги нуди како пазар на кој работат многу продукции, многу рекламни агенции, пазар кој е конкурентен на европско ниво и каде што има постојано проекти на кои може да работиш и да се развиваш професионално. Не знам колку е познато во Македонија, но голем број холивудски продукции ја избираат Бугарија како место за снимање на нивните блокбастери. Би го споменал продолжението на легендарниот филм кој го лансира Арнолд Шварценегер, филмот „Конан“ кој ќе има премиера, а е снимен на падините на Витоша, крај Софија. Сето тоа беа мотивите да ја препознаам како интересно место со можности за работа, каде што е важно да се има желба за работа и работата си доаѓа. Процесот на развивање во оваа сфера никако не е лесен, но тука продуцентите постојано ја следат нашата работа и знаат да ја оценат вистински. Според мене, нема роден талент, талентот е мал процент кај секого, напорната работа и големата љубов кон професијата ги носат успехот и славата.
Лилјана ГРЏО ДАМОВСКА

 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
Феноменална семејна драма ,балкански хит,културен шок ,светско ниво на режисура, камера и сценариjа.????
ИЛИ бугарска пропаганда.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Феноменална семејна драма ,балкански хит,културен шок ,светско ниво на режисура, камера и сценариjа.????
ИЛИ бугарска пропаганда.
последното...
нешто како српскиот турбофолк......и другите шитови од комшиите, но да не ја расипуваме темата за фановите на серијава
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Феноменална семејна драма ,балкански хит,културен шок ,светско ниво на режисура, камера и сценариjа.????
ИЛИ бугарска пропаганда.
Има од се по нешто,но сепак се работи за некој вид на америчка династија(онаа од 80-тите која беше чиста пропаганда) и во која сите живеат и трошат како да имаат сопствени фабрики! Инаку од филмски аспект ми се допаѓа камерата,фотографијата и сценариото,меѓутоа во кастингот има живи утки како што е ликот а пред се "глумата" на Краси Ранков(го глуми шефот на обезбедувањето во молот-Антон Ставрев),мислам одамна не сум видел толку лоша глума.Другите глумци се ОК,посебно ликот на Камен е одлично портретиран,поздрав!
--- надополнето: Nov 21, 2011 9:10 AM ---
Ви викав јас дека ќе има добри пичиња.Вие не ме слушавте:)Немам многу време инаку и јас ќе ја гледам.Али не ми е криво.Секоја недела си одам и во живо си гледам блгарки :P:P
Дупиш спонзоруши,ороспии или си ловец којшто не знае за пораз кај женскиот пол? Ако е така,дај некој совет или со колку пари да се опремиме? Дај биди појасен де,гледаш дека не заинтеесира овде,и во кој град одиш на ловење плен,ловџијо?
 
Член од
3 март 2009
Мислења
795
Поени од реакции
702
Има од се по нешто,но сепак се работи за некој вид на америчка династија(онаа од 80-тите која беше чиста пропаганда) и во која сите живеат и трошат како да имаат сопствени фабрики! Инаку од филмски аспект ми се допаѓа камерата,фотографијата и сценариото,меѓутоа во кастингот има живи утки како што е ликот а пред се "глумата" на Краси Ранков(го глуми шефот на обезбедувањето во молот-Антон Ставрев),мислам одамна не сум видел толку лоша глума.Другите глумци се ОК,посебно ликот на Камен е одлично портретиран,поздрав!
Со почти ништо от ова не сум согласен. Нема никаква пропаганда има голем дел луге во Бугариjа кои живеат во вакво богатсво и са заинтерисирани от подобни ситуации. А за Ранков мислам спротивното овоj е глумецот коj носи на рамене целиот хумор во сериjата. Стварно добар глумец.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom