Стиховен Калибар

Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Пропаст, не знам зошто му се придава значење на под форумот за музика ова треба да стои во политика.

Човекот носи портокалови очила речиси како Латас и Миленко.

Пред некој ден читам ја изедначува улогата на Тито со Хитлер.
Да има 500 денари закачено на оваа стихозбирка пак нема да ја земам.
 
Член од
6 март 2010
Мислења
92
Поени од реакции
11
Глуп си ко магаре...Стиховен години уназад го презира латас....еве што пишал за латас и кучињат бездомници

Stihoven Kalibar .

Копието латас треба да одговара за геноцид....Се надевам дека пит бул ќе му рипне у влез и ќе му го изгрисе тоа малото србофилско патлаче....

п.с
Кога ќе слушнам за некој како велат дека е фашист знам дека се работи за човек со стил”. Чарлс Буковски
 
Член од
6 март 2010
Мислења
92
Поени од реакции
11
http://trn.mk/денес-наш-вип-е-стиховен-калибар/

Трн:Кој си ти?
С.К :Ти велиш дека сум ВИП ама ја сум далеку од тоа. Неам трип дека сум ВИП, ама знам да бидам незгоден тип. Уствари ја сум Блек Шип во ебенава планета. А ВИП најчесто го дефинирам ко Very Idiotic Person
Трн: Во што веруваш?
С.К: Верувам во тоа дека утре нема да биде бетер од денес.​
Трн:Најголемиот предизвик?
С.К:Да го исплатам кредитот у банка…И да ги сјебам сите што имаат предизвик мене да ме сјебат…А сепак мислам дека сами ќе се сјебат без моја интервенција.​
Трн:Што ти дава сила и елан за да продолжиш?
С.К: Масата по забрзувањето, м пута а…Ама како стареам стануем се поспор​
Трн:Што е тоа што може да те насмее или натажи?
С.К:Контото во мојот паричник. Првиот ден успева да ме насмее, а останатите 30 сум тужан и као Грчка дужан​
Трн:Личноста на која и се восхитуваш и зошто?​
С.К:Ќе ја најдете кај мене на фејсбук у пикчр, а зошто уште незнам…​
Трн:Која е последната книга што ја прочита?
С.К:Мојата што уште не сум ја довршил.​
Трн:Што треба да се промени за да тргнеме напред?
С.К:За да тргнеме напред треба секој ден да играме 6 напред и 3 назад. А свадби има се помалку и помалку. Разводи колку сакаш. Парадоксот е што денес секој секого ебе, а наталитетот пак ни е у минус.​
Трн:Како ја гледаш Македонија денес?
С.К:Разкурцана и поделена, полна со кодоши и олоши. Кога гледам еден тв канал Македонија ја гледам ко да се наоѓам у Шветска, а кога ќе свртам на друг канал ко да се наоѓам у Зимбабве. У суштина сите канали смрдат ко канализација.​
Трн:Каде се гледаш ти по 10 години?
С.К:У огледало во купатило…Или у школо на родителска средба…​
Трн:Трите работи без кои не можеш да функционираш?
С.К:Леб, вода и бензин девееспетка.​
Трн:Омилен цитат или кое е твоето мото?
С.К:Моето мото е да не играте лото. Во ебаниов свет све е однапред наместено​
 
Член од
6 март 2010
Мислења
92
Поени од реакции
11
Горан Јанкуловски попознат како Стиховен Калибар во јануари 2014, ќе ја објави неговата четврта книга, збирката афоризми “Стихија”.


Пред пошироката јавност Стиховен Калибар е познат како ретко квалитетен афористичар и критичар на општествената летаргичност, лицемерноста и безидејноста, како и личностите кои вештачки создаваат авторитет.
Во збирката тој се осврнува на повеќе теми од секојдневието, а истата ќе биде бесплатно поделена на читателите. Идејата истата да биде објавена он лајн и да биде достапна за сите заинтересирани читатели.
Стиховен Калибар предходно ги има издадено „Збирка мудрости и афоризми“, „Двоглед“, како и стихозбирката ,,Проклетници“.

http://cooltura.mk/?p=42384
--- надополнето: 9 декември 2013 во 18:22 ---
Стиховен Kалибар - „Стихија“ е личен печат на лицемерниот систем, на полтронството и користољубивоста
Охрид, 29. ноември 2013 (ИНПРЕС)
извор: Инпрес фото: архива
Во изводот на родени му пишува Горан Јанкуловски. Скопско дете со хип-хопот во вените од 1995 година кога ги прави првите чекори преку неколкуте демо снимки и како дел од првата група РХБ Продукција.

Горан или Стиховен Kалибар е активен и на социјалните мрежи каде отворено зборува за состојбите во општеството во време кога сите велат дека „не е ова за по телефон“, „не постирај вакви работи“, „зборувај потивко“ и сл.
За Инпрес зборува за музиката, пишувањето, животот со сите негови убави и лоши страни.
Инпрес - Велат дека музиката е единственото нешто што го активира целиот мозок. Само тогаш е комплетно посветен на задоволството. Вие пишувате и создавате музика, двете работи се преплетуваат и надополнуваат. Во средината на 90-тите се почетоците на музичкиот дел, но сигурно тоа влече корени и претходно. За помладите, кој е Стиховен Kалибар и што тој претставува и застапува?
Стиховен Kалибар - Зависи за која музика мислите. Напротив турбо фолкот и останатиот шунд е музика која го деактивира целиот мозок, но ја активира јетрата. И комерцијалниот хип хоп исто така целосно го затру мозокот на младината. Денес се продаваат само цицки, бутови и коли. А Стиховен Калибар е таа ретка будала која одамна се труди на пошироките маси да им разјасни што е вистинско, а што лажно. Понатаму останува на луѓето кој пат ќе го одберат.
Инпрес - Зад вас има доста музика со силни пораки. Нешто повеќе за тој дел, што се е снимено, соработките на музички план и каде можат помладите да ги најдат вашите песни?
Стиховен Kалибар - Се што е снимено е достапно на интернет. Инаку со музиката се пензионирав уште пред 2 години. Мислам дека кажав се што имаше да се каже во музичка форма, а веќе станав и уморен од битката со меидумите кои не оставаа простор за инвентивниот хип хоп. Музичкиот Дон Кихот се пензионира. Сега се преориентирав во друг облик на изразување - пишувањето кое за разлика од музиката сметам дека е уште подобар начин да допре до сите старосни категории.
Инпрес - Активен сте на социјалните мрежи. Без влакна на јазикот го соопштувате својот став за многу теми кои го засегаат обичниот човек. Од голем калибар пукате кон сите оние кои го глумат, наместо да го живеат својот живот. Ве предупредуваат ли добронамерно „заеднички пријатели“ кога ќе „закачите“ некого? Сте имале ли до сега непријатности?
Стиховен Kалибар - Не сум активен, хиперактивен сум. А што се однесува до пукањето кон глумците сакам да пукам рафално. Со 30 метци и 5 рамки. Се плашам дека и тие нема да ми стигнат со оглед на тоа колку копита шетаат по земјава. Многупати сум имал симултанки и досега секој што се закачил со мене ја изгубил битката. Со оглед на обврските во последно време ретко се впуштам во вербална борба. Веќе не дозволувам вампирите да ми ја цицаат енергијата и најчесто ги елиминирам со блок дилит. Тоа уште повеќе ги нервира.
Инпрес - Гледате ли некое интересно име во овој вид на музика во државата. Кое е Вашето мислење и за онаа mainstream - поп музика која се „сервира“ по медиумите?
Стиховен Kалибар - Не гледам телевизија зошто се трудам да ги оставам ганглиите во одржлива форма. Што се однесува до mainstream - поп музика која се „сервира“ по медиумите искрено немам никакво мислење. Како што реков не сакам мозокот да го оптеретувам со глупости. Но одвреме навреме знам да налетам на некое срање кое може да биде корисно и од него да произлезе добар афоризам. За оние со тврда столица препорачливо е да конзумираат комерцијална музика.
Инпрес - Во јануари 2014 најавено е излегувањето на Вашата четврта по ред книга, збирката афоризми „Стихија“. Кажете ни нешто повеќе за неа. Дали станува збор за афоризми создадени во одреден период или е тоа некое Best Of издание?
Стиховен Kалибар - „Стихија“ е збирка која многумина нема да ги остави рамнодушни. Има за цел во кратки црти да го демистифицира искривоколченото општество. Пишана е во еден здив, а многумина ќе ги остави без здив. „Стихија“ е дело кое стихијно ги напаѓа хоштаплерите, лицемерите, бандитите и курвите во оваа земја.
Инпрес - „Стихија“ online ќе им се понуди бесплатно на читателите. Идејата истата да биде објавена он лајн и да биде достапна за сите заинтересирани читатели. Не успеавте да најдете сериозен издавач или? Има ли во Македонија сериозна куќа која ќе издаде едно вакво дело?
Стиховен Калибар - Сеуште не успевам да најдам сериозен издавач. Тоа е ѓаволски тешка работа. Во денешно време најлесно издаваат книги само татините синови и напрчените академски имиња укотвени во дебели фотелји кои речиси никој и не ги чита. Дури и од претходната книга ,,Двоглед” која макотрпно беше издадена сеуште немам земено ни денар. Мислам дека денес е полесно да ја издадеш државата отколку да издадеш книга. Издавачите се големи пералници на пари. Во Македонија има стотици издавачи куќи, но за жал наместо тие да не бркаат нас, треба ние да ги бараме нив. Наместо со пишан збор треба да се занимавам и со маркетинг и менаџерство за што искрено и не ме бидува.
Инпрес - Зад Вас се веќе „Збирка мудрости и афоризми“, „Двоглед“, како и стихозбирката ,,Проклетници“. Како гледате на „Стихија“ и воопшто на вашиот стил на пишување и дали секојдневните „бисери“ на политичарите, медиумите, јавните личности и општеството воошто се навистина неисцрпна инспирација за човек како Вас?
Стиховен Калибар - „Стихија“ е личен печат на лицемерниот систем, на полтронството и корустољубивоста. Ја презира глупоста и моралното дезертерство. Сето тоа е доволна инспирација за збирката која ќе воведе нова свежина во македонската сатира.
Инпрес - Од скоро сте семеен човек. Како се снаоѓа Горан во улогата на сопруг и како ги извршува сите оние редовни обврски кои доаѓаат со тоа?
Стиховен Калибар - Како семеен човек одлично се снаоѓам во таа улога. Ги научив речиси сите цени по маркетите. Или како што кажувам во еден од моите афоризми Станав експерт по економија. Секојдневно правам ребаланс на буџетот и водам сметка за надворешниот долг.

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=7EE14E47B59C934E9A3A6F67795CEA10&fb_source=message
 

Kajgana Shop

На врв Bottom