http://trn.mk/денес-наш-вип-е-стиховен-калибар/
Трн:Кој си ти?
С.К :Ти велиш дека сум ВИП ама ја сум далеку од тоа. Неам трип дека сум ВИП, ама знам да бидам незгоден тип. Уствари ја сум Блек Шип во ебенава планета. А ВИП најчесто го дефинирам ко Very Idiotic Person
Трн: Во што веруваш?
С.К: Верувам во тоа дека утре нема да биде бетер од денес.
Трн:Најголемиот предизвик?
С.К:Да го исплатам кредитот у банка…И да ги сјебам сите што имаат предизвик мене да ме сјебат…А сепак мислам дека сами ќе се сјебат без моја интервенција.
Трн:Што ти дава сила и елан за да продолжиш?
С.К: Масата по забрзувањето, м пута а…Ама како стареам стануем се поспор
Трн:Што е тоа што може да те насмее или натажи?
С.К:Контото во мојот паричник. Првиот ден успева да ме насмее, а останатите 30 сум тужан и као Грчка дужан
Трн:Личноста на која и се восхитуваш и зошто?
С.К:Ќе ја најдете кај мене на фејсбук у пикчр, а зошто уште незнам…
Трн:Која е последната книга што ја прочита?
С.К:Мојата што уште не сум ја довршил.
Трн:Што треба да се промени за да тргнеме напред?
С.К:За да тргнеме напред треба секој ден да играме 6 напред и 3 назад. А свадби има се помалку и помалку. Разводи колку сакаш. Парадоксот е што денес секој секого ебе, а наталитетот пак ни е у минус.
Трн:Како ја гледаш Македонија денес?
С.К:Разкурцана и поделена, полна со кодоши и олоши. Кога гледам еден тв канал Македонија ја гледам ко да се наоѓам у Шветска, а кога ќе свртам на друг канал ко да се наоѓам у Зимбабве. У суштина сите канали смрдат ко канализација.
Трн:Каде се гледаш ти по 10 години?
С.К:У огледало во купатило…Или у школо на родителска средба…
Трн:Трите работи без кои не можеш да функционираш?
С.К:Леб, вода и бензин девееспетка.
Трн:Омилен цитат или кое е твоето мото?
С.К:Моето мото е да не играте лото. Во ебаниов свет све е однапред наместено