Сте пуштиле ли солза на некој филм?

  • Креатор на темата Креатор на темата KL0$AR
  • Време на започнување Време на започнување
Јас имам плаќено на Крвавиот Дијамант со Леонардо Дикаприо и тоа на последната сцена. Исто и Огнен Човек, кога го гледам, ми се солзат очите.
 
Последен пат на Angels with dirty faces, ептен ми беше тажна последната сцена.
Жртвата што ја направи главниот лик, намерно умре како кукавица, а го живееше животот спротивно од тоа. И не пуштив солза кога молеше за својот живот, туку на последната реченица на неговиот најдобар другар "All right, fellas... let's go and say a prayer for a boy who couldn't run as fast as I could."

А инаку на повеќе филмови, Casablanca (Марсељеза vs песната на германците), It's a wonderful life (последната сцена), A Walk to Remember, Hachi, The Notebook, High Noon...
 
upload_2016-6-4_0-21-12.jpeg

Ете и ова го дочекав вечерва, за прв пат во живот да заплачам на филм, досега не ми се десило вакво нешто, првпат некој филм волку да ме погоди.
Во последни 5 минути од филмот пред крај (да не откривам сеа спојлери) сум се расплакала ко мало дете буквално, и таман се собрав малку, бам завршната сцена од филмот, пак плачи липај.
Тоа ти се вика две тури плачење во еден филм :D
 
The Boy in the Striped Pyjamas не да сум пуштила солза се утепав од плачење :(:place:
 
Се присетив на еден тон работи поврзани со него па иди не плачи,се препородив за 25минути :place:

 
...зависи од моменталната ментална состојба на гледачот како и соживувањето со тоа што гледа понекогаш споредбено со својот живот, така да не мора да е конкретно „сериозен филм“, ете јас понекогаш и на Tom & Jerry ми се содава „кнедла во грло“ :D

 
...зависи од моменталната ментална состојба на гледачот како и соживувањето со тоа што гледа понекогаш споредбено со својот живот, така да не мора да е конкретно „сериозен филм“, ете јас понекогаш и на Tom & Jerry ми се содава „кнедла во грло“ :D

Може да кажам дека често е точно ова. Сега се потсетив, пред 6-7 години кога пуштив да го гледам The Muppets очекував да го пуштам мозокот на пасење, а сцената со оваа песна ме направи толку депресивен што морав да го паузирам филмот да се соземам малку.


Се’ е до одреден момент и може да те пукне емоција кога најмалку очекуваш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom