Румениге го нападна Реал Мадрид Карл Хајнц Румениге го нападна Кралскиот Клуб и нивните обиди за ангажман на Криситјано Роналдо, само неколку дена пред собирот на големите клубови кој што треба да го води токму тој.
Директорот на Баерн Минхен не е задоволен од начинот на кои Реал ја води кампањата за ангажман на Роналдо и верува дека тоа може да наштети на фудбалот. Во понеделник, Европската Фудбалска Асоцијација, телото кое го наследи Г14, ќе се сретне во Нион и трансфер сагата на Роналдо сигурно ќе биде една од главните теми.
“Не сум загришен околу целата сага бидејќи правилата се многу јасни а и Јунајтед има договор со играчот за наредните четири години.” – рече Румениге.
“А и добро го познавам Алекс Фергусон и занам дека кога тој ќе рече НЕ, тогаш тоа навистина значи НЕ.”
“Играчот и Реал Мадрид можат да говорат што сакаат но Јунајтед се тие што го имаат последниот збор и доколку тие речат дека нема трансфер така и ќе биде.”
“Екипите секогаш ќе имаат играчи во составот за кои ќе пристигнуваат неверојатни понуди и ќе им се нудат договори според кои ќе зарабоуваат многу повеќе отколку во нивниот клуб.”
“Таков е светот во кој живееме но за среќа сеуште има луѓе кои знаат да кажат НЕ. НЕ е многу добар збор, тој е еден од моите омилени.”
Румениге верува дека водењето на трансферите преку медиумите со шпекулации не добат начин и тоа може да му наштети на фудбалот.
“Не ми се верува дека Клуб како Реал Мадрид може да натера играч како Кристијано Роналдо да направи ваква тензија, бидејќи цената која ќе треба да ја платат е превисока за секого.”
“Мислам дека ова е опасно за светскиот фудбал. Секој клуб треба да си пронајде сопствен начин за справување на ваквите работи.”
“Сакам Роналдо да остане во клубот за доброто на сите.”