ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Асистенти со незадоволителен просек биле вработувани на новиот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип за сметка на кандидати со највисок просек од 10, обвинуваат дел од одбиените.
Тие тврдат дека врските играле клучна улога при изборот на асистенти и професори на четвртиот државен универзитет.
- Се фаќаа врски преку владејачките партии, високи функционери, па дури и преку министри и пратеници. Изборот на кандидатите беше крајно нетраспарентен, а за асистенти беа одбивани лица со просек од 10, а наместо тоа беа вработувани кандидати со просек 8 – велат нашите извори.
Од универзитетот „Гоце Делчев“ ги демантираат ваквите информации и се повикуваат на матичната комисија која го правела изборот на професорскиот и асистентскиот кадар.
Како потврда на тоа дека кадарот на новиот универзитет е избиран по партиска линија, како што тврдат нашите извори, е и тоа што за ректор на оваа високообразовна установа беше избран Саша Митрев, брат на Жан Митрев, советник за здравство на премиерот Груевски. Универзитетски извори тврдат дека услов за да се стане ректор на универзитет е претходно да се биде редовен професор на факултет. Митрев, од друга страна, бил избран во насловно звање како вонреден професор на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.
Насловните звања инаку ги добиваат оние професори или доценти кои работат и на други места или за кои не бил распишан конкурс. Митрев претходно бил на чело на Институтот за јужноземјоделски култури во Струмица па затоа не можел да работи и како редовен професор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој инаку беше избран како единствен кандидат на предлог на делегатите од осумте факултети на четвртиот државен универзитет.
Матичната комисија добила околу 50 приговори од пријавените кандидати за професори и асистенти. Од комисијата велат дека конкурсот за 102 работни места (на кои се пријавиле 700 кандидати) е веќе завршен и дека сите пријавени имале можност да достават приговори.
Владата обезбеди дополнителни 3,2 милиони евра за штипскиот универзитет кој по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ ќе почне да работи од октомври годинава. На шесте факултети во Штип годинава имаше место за првите 1.100 студенти.