Срце на дланка, манипулација, вистина или крадење пари?

Vartolu

† ИС ХС - НИ КА †
Член од
29 декември 2007
Мислења
13.594
Поени од реакции
3.911
Лично го познавам еден од случаите на Срце на дланка ги искористија децата до максимум , нудено помош од нас ко жители и комшии но не човекот несака облека , покуќнина и слично го интересираат само пари.
Ден денес изјава, одговор, официјален став ниту на уредниците на ТВ Алфа, ниту на емисијата => НЕМА.

ТВ Алфа јутјуб каналот СЕУШТЕ е избришан.

Зошто? Кријат нешто, па им е страв да не излези на виделина?

И да се избришани видеата веројатно Јутјуб чуваат бекап на избришаните видеа, па да можат истражните органи од земјите да испитаат можна манипулација.
 

Vartolu

† ИС ХС - НИ КА †
Член од
29 декември 2007
Мислења
13.594
Поени од реакции
3.911
Ете тоа ти е Македонското новинарство. Ќе дојди некој ќе му се пожали, ќе проценат дека ќе им донеси гледаност, и ајде нека донира народ за џабе.

А на оној што стварно му треба ќе се срами да побара....
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
13.850
Поени од реакции
6.994
А чекајте во Срце на Дланка се пријавуваат луѓево за да гостуваат или од продукцијава ги наоѓаат?
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.639
Поени од реакции
1.402
А чекајте во Срце на Дланка се пријавуваат луѓево за да гостуваат или од продукцијава ги наоѓаат?
Секој може да се пријави немаш критериум само број на кој напатените се јавуваат
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
13.850
Поени од реакции
6.994
Секој може да се пријави немаш критериум само број на кој напатените се јавуваат
Значи по ова што пиша секој кој сака и има проблем се пријавува со проблемот кој го има и најверојатно пред да има снимање од Срце на дланка ја читаат пријавата со проблемот кој го имаат пријавените. Така да продукцијата е колку толку подготвена што ќе каже соговорникот.

Јас имам кратко гледано една епизода ама немам многу приметено дали бројот кој е за донирање е истиот цело време или за сите учесници е различен?
 

Vartolu

† ИС ХС - НИ КА †
Член од
29 декември 2007
Мислења
13.594
Поени од реакции
3.911
Значи по ова што пиша секој кој сака и има проблем се пријавува со проблемот кој го има и најверојатно пред да има снимање од Срце на дланка ја читаат пријавата со проблемот кој го имаат пријавените. Така да продукцијата е колку толку подготвена што ќе каже соговорникот.

Јас имам кратко гледано една епизода ама немам многу приметено дали бројот кој е за донирање е истиот цело време или за сите учесници е различен?
Абе не треба само да читаат. Треба да земат да истражат, да видат дали ја говори вистината, дали има некој скриен мотив (алчност, себичност и себепромоција), и да побараат мислење од другата страна.

Ајде јас да му се јавам, денес ме боли стомакот, давајте парите....
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
13.850
Поени од реакции
6.994
Абе не треба само да читаат. Треба да земат да истражат, да видат дали ја говори вистината, дали има некој скриен мотив (алчност, себичност и себепромоција), и да побараат мислење од другата страна.

Ајде јас да му се јавам, денес ме боли стомакот, давајте парите....
Во право си ама од каде ние знаеме дека они не истражиле? Сепак треба да се изјаснат со докази и факти ако воопшто се исправни Срце на дланка.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.639
Поени од реакции
1.402
Во право си ама од каде ние знаеме дека они не истражиле? Сепак треба да се изјаснат со докази и факти ако воопшто се исправни Срце на дланка.
Да истражиле нема да може некој ко Стефан да им фати 3 случаи и да има докази за уште 20 , а јас исто знам за случајот кој се емитуваше од меото соседство , човекот кој беше претставен ко нема ништо женаму несме да работи заради здраствени проблеми , а сите овде го знаат ко коцкар не сака воопшто да работи, 99% од случаите се лажни и самата т.н новинарка го знае истото.
 
Член од
24 октомври 2021
Мислења
18
Поени од реакции
56
Искрено, одлична идеа за бизнис. Да немав ниту малку трунка за моралност, таман имам една викендичка(кршотина), или јас или ке најдам некоја будала да се експонира и да кука на ТВ да не се брукам јас и ке се спечалиме добри пари од наивноста и добротата на народот. И што е најинтересно тие и даље си снимаат и искачаат нови емисии пошто изгледа надлежниве ги боли кур. Живела Северна!
 

Vartolu

† ИС ХС - НИ КА †
Член од
29 декември 2007
Мислења
13.594
Поени од реакции
3.911
Во право си ама од каде ние знаеме дека они не истражиле? Сепак треба да се изјаснат со докази и факти ако воопшто се исправни Срце на дланка.
Абе ако „истражиле“ немаше јутјубер да им ги фати дубариите толку лесно.

Барем јас сакам да верувам дека се работи за непрофесионалност, и дека и тие се манипулирани, макар што самиот молк нивни и одбивање да зборуваат на темата, и самото тоа што не пробаа ниту да демантираат фрла дебел сомнеж дека сепак има нешто што мириса.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
13.850
Поени од реакции
6.994
Абе ако „истражиле“ немаше јутјубер да им ги фати дубариите толку лесно.

Барем јас сакам да верувам дека се работи за непрофесионалност, и дека и тие се манипулирани, макар што самиот молк нивни и одбивање да зборуваат на темата, и самото тоа што не пробаа ниту да демантираат фрла дебел сомнеж дека сепак има нешто што мириса.
Ок те разбирам потполно денес се е почесто некој се користат со манипулирање за нивна придобивка и ич гале немаат опуштено си тераат.

Денес секој секого може да излаже така да јас дури и на питачи кога ќе ми пријдат се мислам дали да им дадам пари или не.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
928
Поени од реакции
1.560

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.074
Поени од реакции
2.681
Овде пишува дека живее во социјален стан доделен од државата.
Може да пишува тука што сака. Веќе колку се нашиве портали за верување што да ти кажам.

Најверојатно таа прави злоупотреба на социјалниот стан што и е во центар си го издава под кирија, а кај мене престојува од месец јуни во моето приземје од 40 квадрати...

Се кажува како самохрана разведена мајка ама не е, заедно живее со сопругот...

Какви не манипулации прават овие што ќариле социјални станови!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom