Срце на дланка, манипулација, вистина или крадење пари?

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.996
Поени од реакции
5.611
После случајот со Тале, излегува уште еден доста чуден случај со донации во емисијата „Срце на дланка“..Кое е вашето мислење?

Член од
14 април 2012
Мислења
32.585
Поени од реакции
66.300
Mислам дека се работи повеќе за случаи кои не се доволно истражени од новинарите кои ја прават емисијата, отколку намерна измама. Две семејства од Куманово кои беа во емисијата, навистина им беше потребна помош.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.996
Поени од реакции
5.611
Mислам дека се работи повеќе за случаи кои не се доволно истражени од новинарите кои ја прават емисијата, отколку намерна измама. Две семејства од Куманово кои беа во емисијата, навистина им беше потребна помош.
Епа мене ми е симптоматично, што водителите на емисијата и организацијата не зеде за доблест да излези и да речи: „Луѓе, нека ја испитаат надлежните ситуацијата, ние одевме со мотив да помогнеме“ Ако се дознае дека се е лага, да си признаат дека и тие се изманипулирани и дека недоволно обрнале внимание дека има луѓе кои користат ситуација на сожалување и си калапат пари. Така да, самиот нивни молк ми е многу чуден, еве веќе една недела, што доволно фрла сомнеж дека сепак се не е баш така црно-бело.
 
Сакаш некој да излезе и јавно да каже дека не направил due diligence? Со неколку другари понекогаш помагаме, колку сме во можност. Носиме гардероба, храна, пелени кога ке слушнеме дека има некое семејство на кое му треба помош, ама прво се распрашуваме преку локалци кои ги знаеме, дали навистина им треба помош, или се злоупотребува истото, со намера да помогнеме таму каде што најмногу треба. Имаше случај каде скоро сите намирници што го однесовме беа распродадени за да се купи алкохол.

Претпоставувам дека Срце на Дланка не го прават истото.

За овој Тале, искрено, малку ми е жал. Делува дека човекот имал многу грешки во минатото, и во времето во кое е снимена емисијата, Ноември лани, се што кажал е вистина. Тие идат денес кај него, кога сопругата му се вратила дома, и му викаат, ти си коцкар, ти најдовме тикет од пред 2 години, и еве, лажеш дека жената не ти е тука. Цело време се обидува да му каже дека направил грешки во минатото, и дека дошол до тој стадиум да си ги стави децата пред камера за пари. Е сега, ако и понатака иде да се коцка, тогаш заслужува се што му следува.

Секоја чест како не го изудара она препотентно Јутјуберско гомце Лазаров.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.996
Поени од реакции
5.611
За овој Тале, искрено, малку ми е жал. Делува дека човекот имал многу грешки во минатото, и во времето во кое е снимена емисијата, Ноември лани, се што кажал е вистина. Тие идат денес кај него, кога сопругата му се вратила дома, и му викаат, ти си коцкар, ти најдовме тикет од пред 2 години, и еве, лажеш дека жената не ти е тука. Цело време се обидува да му каже дека направил грешки во минатото, и дека дошол до тој стадиум да си ги стави децата пред камера за пари. Е сега, ако и понатака иде да се коцка, тогаш заслужува се што му следува.
@vidooq за Тале искрено не ми е жал (доколку се точни коментарите на неговите комшии по социјалните мрежи). Жал ми е за децата негови. Имаше коментари на фб од негови комшии каде велат дека трошел по илјадарка во денот по казина, коцкарници и кладилници, се заборчувал пари со изговор дека децата немаат што да јадат, и пак ги давал во казино. Точно, никој не е безгрешен и секој прави грешки во животот, и супер би било ако си ја научил лекцијата и ако продолжи по исправниот пат: да си ја гледа фамилијата, да си го среди домот и да ги воспитува децата во правилна насока. Но отом потом. Некои соседи негови имаа коментари по фејсбук дека жена му бегала од дома да, ама само на ден-два после тепањето нејзино од страна на Тале, но се враќала назад.

Искрено, не е убаво ако се злоупотребуваат децата за да собира донации, и парите да ги лупа вказино. Ако допринесува за домот, ние сме народ кој што на овие на власт му даваме шанса 30 години, па зошто не би му дале шанса на човек кој се покајал за своите дела и сака да допринесе за поубава судбина за неговите деца и да се искупи за тоа што го правел досега.

А за Лазаров, иако малку претера со Тале (за што сам и се извина во ова видеото), мислам дека треба да има некој што ќе ги отвори очите на јавноста да си провери кај си донира.
Автоматски споено мислење:

Јутјуб каналот на Алфа каде беа емисиите Срце на дланка е избришан. Тука нешто смрди..И тоа многу смрди зошто се се прај со ќутење и без објаснувања што фрла дебел сомнеж.
 
Последно уредено:
Член од
4 октомври 2019
Мислења
559
Поени од реакции
1.094
Tesko deka nekoj ke se otkaze od kazino na nekoe kjose.... kolku I da sakas nemozes koga imas postojan stimul... koga sleduva los period kockarot e najiskren I se kolni bo najmiloto cedo deka ke prestane.. no toa trae kratko dokolku da odis samo Da pies kafe na centarot svetat od sekade senator admiral I drugite.... edinstveno ti e cold turkey, da odis vo sredina kaj sto nema vakvi stimuli... covekot e iskren videoto no verojatnosta za eden mesec deka pak nema da odi e mnogu mala, posebno za ovie sto dobile djek pot I pak go vratil....znaeme kakva e taa agonija... mu pozeluvam se najdobro da se otkaze,
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.716
Поени од реакции
42.308
лошо е за оние што стварно им треба помош, па вакви измамици ги злоупотребуваат тие емисии. Кога човекот знае што се дешава, малце ќе се запраша дали да донира.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.530
Поени од реакции
22.184
Целта на овие емисии е голема гледаност па потоа да се помогне. Има повеќе местенки од што мислиме. Конкретно за случајов можам да кажам доста сомнително и има далеку позагрозени луѓе во Македонија. Плус Тале е антипатичен лик место да покаже благодарност се понаша шерифски не прима никаква критика.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.160
Поени од реакции
30.298
Nekoi luge se siromasni poradi nesrekna situacija, nekoi se siromasni poradi losh stil na zivot.
Na takvite kako Tale edinstvena pomos sto im treba e prisilna rabota vo nekoj rudnik.
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
559
Поени од реакции
1.094
Seenje zelka pola hektar sam, Suma, ovcar nekade na rid, baustela na 38 sprat 12 saati na den, ili dopamine detox, podrum 2 meseca so kompot da jadi samo praski od 2014... gledav emeisija kade sto kinezi gi zatvaraat bez twhnologija samo da sedi vo soba so meseci, nikakov dopamin, na ovie sekoja moznost na zarabotka Im e dopamin.
 
Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
965
Поени од реакции
1.574
Не знам зошто му се здадоа сите на Стефан за Тале кога апла човекот е деликвент, на секое прашање одговара со прашање. Тежок коцкар пар екселанс, ко што гледате не ни признава дека е коцкар, тие се најзаебани. Здрав прав и тој и жена му, бара пари, научен некој да го издржава а не си плукнал на рацете.

Али уште поинтересен случај е овој новиов со Далибор, пошо никакви роднински релации нема со ова семејство а сепак бараат пари за него. На пример можно е поради закана и уцена Цене да проси за него.. баш ме занима како ќе заврши.
 
Зависи кој се е вмешан. Ама знаејќи ја политичката провиниенца на ТВ Алфа, за ова не би ме чудело експресно да има одговор од властите. Како што впрочем за се треба да има.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom