Среќни божиќни празници!

V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Не да се направам паметен, туку е прашање шо барам одговор од некој христијанин. Не можи “ако ти се слави слави..:“. Што ако ми се слави мене Харе Кришна или друг некој странски празник? Едноставно колку и да сакам не можам, не ми е во традиција, не му ги познавам корените не е својствен за наши простори. Како и овие сегашни празници, па зато постои ПРАШАЊЕ да праша човек што не му е јасно.
Најпрво секој има право дали ќе верува и ќе се определи за религија или пак не . Она што ја поврзува Македонија со некогашните Евреи ги поврзува сите останати држави кои го празнуваат овој ден . Исус од Назаред , Евреин од Галилеја
го празнуваме неговото раѓање затоа што тој е централна фигура во христијанството , Спасител како што и е неговото име во значење .
Божик

Среќата е среќавањето на малата вистина и големата радост заради љубовта каква што ја доживува детето: безусловна. Скришна средба помеѓу божественото и човечкото. Средба е еднакво на среќа. Затоа се случува во пештера, затоа што надворешните околности не се важни.

Божиќ е кога точно на полноќ си насамо со Господ: и покрај колективната свест, и покрај феноменот на стаклена бавча и глобалното „што и да е“, насамо со Него значи дека од миг во миг се креира просторот на твојата среќа.

Божиќ е кога сочувствуваш со малите деца од Африка и гледаш дека ги има на сите континенти, но најпрво, самиот Ти си вечно гладното дете, растрчано наоколу во неуморна потрага по својот дел од „печеното“ на новогодишната трпеза, и сфаќаш дека ЦЕЛО е кога има за сите, а „сите“ е точка во срцето каде што Бог станува Човек.

Божиќ е вавилонската приказна за мешањето на јазиците, кои во хор замолчуваат пред големата тајна на Љубовта, повторно станувајќи Еден.

Божиќ е кога си едно со Него. Кога во средиштето на воените немири наоѓаш засолниште во еден напуштен бункер и по извесно време сфаќаш дека бункерот бил твоето сопствено срце, а неговиот мир катанецот на влезот, кој се отвора единствено со клучот на прифаќањето на себеси...

Божиќ е кога ќе погледнеш наоколу и ќе видиш дека сé е исто како и таа ноќ пред 2012 години, само што денес во добро чуваните лаборатории низ светот, освен божјата честица, се измислуваат уште и нови вируси во прилог на современата технологија за масовно уништување. И додека во каталогот на најновите модели на атомски бомби не наоѓаш ништо по своја мера, во длабочините на својата душа го слушаш синхронизираниот глас на преводот – „Јас го победив светот...“. И во истиот миг – се случува преобразување на рационалниот дискурс на умот. Златното клуче со кое ги отвораш скапоцените, иако малку невидливи - подароци од Горе.

Божиќ е за деца. И возрасните се деца, само што нивните играчки не се вистински.

Божиќ е кога во муслите од твојот појадок се сретнуваат една сушена и една свежа банана и почнуваат разговор со измисленото прасе од градскиот плоштад. Божиќ е празник на добро нахранетите (=воспитани) вегетаријанци, кои живеат во надеж дека ќе осамне ден кога „сите“ ќе сфатат кој за кого е создаден и кој кого треба да јаде.

Ова е празник на осмислување на трпезата. Ден кога станува јасно дека ништите се најбогатите.
Божиќ е ден кога Небото и Земјата се смешуваат и од нивниот микс се раѓа Новиот Човек. Со ова раѓање почнале еоните на нов живот.

Божиќ е кога во просјаците на улица ја препознаваш нитката на божественоста бидејќи не се срамат да бидат тоа што се, туку едноставно – се. Вистинските просјаци не просат за да добијат нешто, туку за да ја искушат човечката милост. Како инаку да ја протолкуваме евангелската порака дека „силата Моја во вашата слабост се покажува...“? Тие се тука да нé потсетат дека ништо не е наше и дека посесивноста и врзувањето се ќор-сокак од кој час поскоро треба да најдеме излез. Што имаш што не си добил?

Божиќ е кога на сите корисници на овој живот, особено во неговата перспектива на вечност, преку бранот на мислите во новогодишното пакетче им пакуваш мирна пловидба и спокојно дишење, а во најубавата честитка им посакуваш среќа зашто тоа е единствениот начин да бидеш целосно присутен сега и овде по кратка и неодложна постапка...

Божиќ е кога во себе откриваш едно недоречено форестгамповско движење, и почнуваш да трчаш од дното на срцето до крајот на светот, каде што наместо „цел“ пишува „почеток“.

Божиќ е кога се будиш со сонцето и појадуваш светлина. Заспиваш со месечината и вечерата им ја оставаш на кучињата-бездомници.

Божиќ е кога твојот живот станува исполнување на Христовите зборови кога вели „бидете како деца“ и кога наместо да вкусиш од јаболкото, се качуваш по дрвото на знаењето, ја збунуваш змијата и остануваш во кругот на рајот и покрај сите програми за бегство и евентуален прогон. По што ќе препознаеш дали си во рајот? Во рајот сé е Едно, а надвор од рајот почнува одбројувањето, дуализмот те носи директно во канџите на поларитетот, каде што Внатре станува надвор, добредојде во светот на предметите...

Божиќ е Рајот суптилно вткаен во пејзажите на оваа планета преточен во мистика недостапна за зборовите на разумот, но достапна за јазикот на Тишината... Значи: Молчи!

Божиќ е кога од својата утроба правиш јасли во кои ќе се вдоми несместливиот, а потоа се однесуваш како Крстителот велејќи – јас да се смалувам, а Он да расте... Ова „јас“ и смалувањето всушност значи да исчезне стравот, а љубовта да се зголеми толку што да нема ништо друго освен тоа што е...

Ова е ден кога на стравот од смртта му се става надгробниот натпис почивај во мир. Од гасеницата се испилува прекрасната пеперутка, која влетува директно во срцето на ураганот ширејќи мирис на спокој и конечно остварување...

Божиќ е кога Е „постојано“ и „засекогаш“, а не само дента кога суштината се облекува во рувото на фразите. Ако нема закон за тоа дека секој ден не е Божиќ, славата може да продолжи сите 365 дена колку што ги има една сончева година. Не во смисла на покачен холестерол, туку да се одржува фреквенцијата на радоста. Вистината и Љубовта.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986

.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Ако си за спам овде нема место , јасно ти е !? И следен пат биди скромен со циничноста оти мн грд испаѓаш вака :tapp:
Ти благодарам брате за зборовите кои најверојатно најдобронамерно се мислени .

Никој - дури и најмалиот, и најгрешниот, и најгрдиот - не мие грд, кој што барем малку верува, се надева и Ја љуби Љубовта БОЖЈА чиста - отелотворена, и - родена во Исуса Христа!

Тебе и на сите луѓе, среќен празник:

Христос се роди!

.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Среќен празник на сите кои слават. За многу години нека ви е. :pipi:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Најпрво секој има право дали ќе верува и ќе се определи за религија или пак не . Она што ја поврзува Македонија со некогашните Евреи ги поврзува сите останати држави кои го празнуваат овој ден . Исус од Назаред , Евреин од Галилеја
го празнуваме неговото раѓање затоа што тој е централна фигура во христијанството , Спасител како што и е неговото име во значење .
Божик

Среќата е среќавањето на малата вистина и големата радост заради љубовта каква што ја доживува детето: безусловна. Скришна средба помеѓу божественото и човечкото. Средба е еднакво на среќа. Затоа се случува во пештера, затоа што надворешните околности не се важни.

Божиќ е кога точно на полноќ си насамо со Господ: и покрај колективната свест, и покрај феноменот на стаклена бавча и глобалното „што и да е“, насамо со Него значи дека од миг во миг се креира просторот на твојата среќа.

Божиќ е кога сочувствуваш со малите деца од Африка и гледаш дека ги има на сите континенти, но најпрво, самиот Ти си вечно гладното дете, растрчано наоколу во неуморна потрага по својот дел од „печеното“ на новогодишната трпеза, и сфаќаш дека ЦЕЛО е кога има за сите, а „сите“ е точка во срцето каде што Бог станува Човек.

Божиќ е вавилонската приказна за мешањето на јазиците, кои во хор замолчуваат пред големата тајна на Љубовта, повторно станувајќи Еден.

Божиќ е кога си едно со Него. Кога во средиштето на воените немири наоѓаш засолниште во еден напуштен бункер и по извесно време сфаќаш дека бункерот бил твоето сопствено срце, а неговиот мир катанецот на влезот, кој се отвора единствено со клучот на прифаќањето на себеси...

Божиќ е кога ќе погледнеш наоколу и ќе видиш дека сé е исто како и таа ноќ пред 2012 години, само што денес во добро чуваните лаборатории низ светот, освен божјата честица, се измислуваат уште и нови вируси во прилог на современата технологија за масовно уништување. И додека во каталогот на најновите модели на атомски бомби не наоѓаш ништо по своја мера, во длабочините на својата душа го слушаш синхронизираниот глас на преводот – „Јас го победив светот...“. И во истиот миг – се случува преобразување на рационалниот дискурс на умот. Златното клуче со кое ги отвораш скапоцените, иако малку невидливи - подароци од Горе.

Божиќ е за деца. И возрасните се деца, само што нивните играчки не се вистински.

Божиќ е кога во муслите од твојот појадок се сретнуваат една сушена и една свежа банана и почнуваат разговор со измисленото прасе од градскиот плоштад. Божиќ е празник на добро нахранетите (=воспитани) вегетаријанци, кои живеат во надеж дека ќе осамне ден кога „сите“ ќе сфатат кој за кого е создаден и кој кого треба да јаде.

Ова е празник на осмислување на трпезата. Ден кога станува јасно дека ништите се најбогатите.
Божиќ е ден кога Небото и Земјата се смешуваат и од нивниот микс се раѓа Новиот Човек. Со ова раѓање почнале еоните на нов живот.

Божиќ е кога во просјаците на улица ја препознаваш нитката на божественоста бидејќи не се срамат да бидат тоа што се, туку едноставно – се. Вистинските просјаци не просат за да добијат нешто, туку за да ја искушат човечката милост. Како инаку да ја протолкуваме евангелската порака дека „силата Моја во вашата слабост се покажува...“? Тие се тука да нé потсетат дека ништо не е наше и дека посесивноста и врзувањето се ќор-сокак од кој час поскоро треба да најдеме излез. Што имаш што не си добил?

Божиќ е кога на сите корисници на овој живот, особено во неговата перспектива на вечност, преку бранот на мислите во новогодишното пакетче им пакуваш мирна пловидба и спокојно дишење, а во најубавата честитка им посакуваш среќа зашто тоа е единствениот начин да бидеш целосно присутен сега и овде по кратка и неодложна постапка...

Божиќ е кога во себе откриваш едно недоречено форестгамповско движење, и почнуваш да трчаш од дното на срцето до крајот на светот, каде што наместо „цел“ пишува „почеток“.

Божиќ е кога се будиш со сонцето и појадуваш светлина. Заспиваш со месечината и вечерата им ја оставаш на кучињата-бездомници.

Божиќ е кога твојот живот станува исполнување на Христовите зборови кога вели „бидете како деца“ и кога наместо да вкусиш од јаболкото, се качуваш по дрвото на знаењето, ја збунуваш змијата и остануваш во кругот на рајот и покрај сите програми за бегство и евентуален прогон. По што ќе препознаеш дали си во рајот? Во рајот сé е Едно, а надвор од рајот почнува одбројувањето, дуализмот те носи директно во канџите на поларитетот, каде што Внатре станува надвор, добредојде во светот на предметите...

Божиќ е Рајот суптилно вткаен во пејзажите на оваа планета преточен во мистика недостапна за зборовите на разумот, но достапна за јазикот на Тишината... Значи: Молчи!

Божиќ е кога од својата утроба правиш јасли во кои ќе се вдоми несместливиот, а потоа се однесуваш како Крстителот велејќи – јас да се смалувам, а Он да расте... Ова „јас“ и смалувањето всушност значи да исчезне стравот, а љубовта да се зголеми толку што да нема ништо друго освен тоа што е...

Ова е ден кога на стравот од смртта му се става надгробниот натпис почивај во мир. Од гасеницата се испилува прекрасната пеперутка, која влетува директно во срцето на ураганот ширејќи мирис на спокој и конечно остварување...

Божиќ е кога Е „постојано“ и „засекогаш“, а не само дента кога суштината се облекува во рувото на фразите. Ако нема закон за тоа дека секој ден не е Божиќ, славата може да продолжи сите 365 дена колку што ги има една сончева година. Не во смисла на покачен холестерол, туку да се одржува фреквенцијата на радоста. Вистината и Љубовта.

Кога цитираш би било добро да се наведе и авторо на текстот ;) Христос се роди!
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Не да се направам паметен, туку е прашање шо барам одговор од некој христијанин. Не можи “ако ти се слави слави..:“. Што ако ми се слави мене Харе Кришна или друг некој странски празник? Едноставно колку и да сакам не можам, не ми е во традиција, не му ги познавам корените не е својствен за наши простори. Како и овие сегашни празници, па зато постои ПРАШАЊЕ да праша човек што не му е јасно.
Не верувам дека не ти е јасно, оти оваа тема е за честитање.
Исто така не верувам дека не ти е јасно, оти местото на твоето прашање е во прашања за Христијанството.
Во секој случај, штом се толерираат на овој форум и пофлагрантни нешта од твојава провокација, тогаш веројатно, според истиот критериум, може да помине и твојот и постовите на Златко, Магус и другите антихристијански миниони кои ќе свратат на темава.
 
V

Vollstandig

Гостин

Не сум антихристјианин. Не сум ни христијанин.А не е ни провокација, извинување до сите доколку им повредив религиозни чуства.
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Честит нека ви е празникот :)
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.261
Христос се роди! За многу години да е презников, среќа и здравје да дава Господ, за се друго ќе засукаме ракави! :)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Кога осамна божиќното утро,БОГ го отворил прозорецот небески и праша "Која е желбата твоја"?-Чувај го тој што ќе ја прочита пораката моја !Дај му доручек од здравје,ручек од среќа,вечера од љубов и нека срцето го води!***СРЕЌЕН БОЖИК***ХРИСТОС СЕ РОДИ!!!
 
T

Tetro

Гостин
Ај за многу години празниците.

Ги покачија цените за венчавки, крштевања, погреби, за свеќи (незабележително, ама покачени се).

Амин.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Ги покачија цените за венчавки, крштевања, погреби, за свеќи (незабележително, ама покачени се).
.
Забораи да ја спомнеш инквизицијата шо све праела у Среден Век. Темава е баш за тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom