Иако уште не е 2011, сепак темава ќе ја оставиме отворена за да честитаат оние кои следните денови како последица на оваа вечер (па и утрешната) нема да бидат во можност да се логираат на форумов и да честитаат
На сите ви посакувам да имате дупло повеќе среќа отколку во изминатава година. Се надевам дека здравјето ќе ве следи во текот на целата година и дека во новата 2011 нема да престанете да го чувствувате влијанието на љубовта од оние кои најмногу ви значат.
Ви посакувам да продолжите со успесите и никогаш да не се откажувате од ниту еден сон колку недостижен и да ви изгледа.
Останете насмеани и расположени, и не заборавајте, среќата е онаму каде што се пријателите - а тие вечерва ќе бидат веднаш до вас.
Среќна Нова 2011.
Гладиус