Овој свет е поубав поради луѓето како тебе, поради тоа и заслужуваш да бидеш среќен, не само на овој ден туку и на секој нареден.
Среќен Роденден мој драг пријателе! :back:
Џимеј озбилно 17ка полниш?Еј мајката,бравос,јас те мислев за постар,но сега стварно се израдував кога видов какви мозочиња имаме
Среќен роденден,ти посакувам се најубаво,многу среќа и успех во сите полиња на животот и љубовта нека те следи на секој чекор :smir:
Среќен роденден Џимеј, многу здравје, среќа, љубов, успех, памет, филмови, сијалички што ти светат во мозокот, многу позитивни мисли, ведрина насекаде околу тебе, многу дрва за каминот, зрнца во песокот, вода во езерото
Никогаш не излегувај од сопствениот тунел на желби. Секогаш го продолжувај и осветлувај за да се потсетуваш на она што треба да си го поклониш на себе. Чувај се што е твое, за да остане само твое ... и се она што ти го поклонува оваа наредна година, земи го и чувај го .
Среќен роденден, највесел и најсреќен со убави мисли и силни желби.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.