Струмикс
Еден...не го знаеш!
- Член од
- 9 декември 2005
- Мислења
- 13.811
- Поени од реакции
- 3.346
Ееее, Интел, Интел...Која тоа партија Интел, јас ја пропагирам?intel напиша:Mene mnogu me nerviraat "neopredeleni" partiski vojnici koi ne se nitu za edna partija, a uporno propagiraat edna te ista vo odnos na drugite.
Napomena: ova se odnesuva samo za "neopredelenite" partiski vojnici.
Јас, Интел, за разлика од тебе, работите ги гледам реално...А не како тебе... Мене ме заболе таквото и за ДПМНЕ, и за СДСМ...
Знаеш, струмичкиот градоначалник...Зоран Заев...Е, треба да се угледате на него во вашата партија. За разлика од некои други, дечкото направи нешто за градот. И? Како можам да кажам нешто лошо во врска со тоа? И да знаете уште од сега дека наредните избори (локални) во Струмица ги добивате! Ама ти Интел си слеп бе пријател, како и другите околу тебе, а и оние кои ги плукаш, членовите и војничињата на ДПМНЕ...кои се палат како млади мајмуни на идејата дека ако има сега избори ќе се апсолутно мнозинство! Немаш бе брат став, немаш мислење...други мислат за тебе, а ти пропагираш...Немаш личност...и, како по дифолт, кога некој каже нешто лошо за твоите, веднаш етикетираш...
Принцип на одбрана на идолот. Жално!
А сега, да се осврнам и на другите...пак од локален аспект. Бараа секаков начин да го опструираат проектот за Трговскиот центар во Струмица, ама такво нешто немаше. Кристално јасно може да видите тука. Како да забораваат дека во советот носат едногласни одлуки.
И, да! Некои работи кај нив ми се допаѓаат, ама, само некои работи...
Е, гледаш Интел колку си приземен? Колку ја гледате вистината така како што ќе наложи некој да ја гледате? Колку лесно посегнувате по етикетирање на некој кој ги гледа реално работиве?
ПАТ позицијата ја правите самите, заслепени од лидерите ваши, од тоа што се плашите за вашата мизерна иднина ако си ги отворите очите и умот и ако го искритикувате гнилото во сопствените редови... И така останува гнилежот, а нема прочистување кое ќе води кон квалитет.
Е затоа ќе сте партиски војници на СДСМ или на ДПМНЕ! И затоа уште многу пати ќе доаѓаме во ПАТ позиција.