Со сите бивши сум останала горе-долу у коректни односи, така да не се случило да се сретнам со некого а да се правам дека не го познавам. Мислам дека доколку ми бил доволно добар за да бидам со него, секако одеднаш не може да стане толку лош за да не можам ни едно здраво да му кажам...
Што се однесува до тоа да го видам со друга девојка.. хммм па секако дека не очекувам дека животот на моите бивши завршил со нашата врска, јас продолжувам понатаму, секако дека и тој ќе направи така.
Баш пред некој ден мој бивши се ожени со друга и воопшто не почувствував завист, гнев, лутина... Напротив, бев и се уште сум среќна што тој успеал да ја пронајде вистинската и да си го среди животот.