Спорт или книга?

Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Zaradi toa sto sum mrza bi odbrala kniga poarno da citam da ucam otkolku da sportuvam :toe:

Исто и јас.

Но, мислам ако некој е талентиран и има огромна желба да се пробие во спортот во никој случај не треба да се откажува од сопствените намери. Зашто? Ќе се откаже, ќе и се посвети на книгата, еден ден ќе го заврши образованието, ќе се запосли, ќе зема плата и толку. Но, неостварениот сон и понатаму ќе продолжи да живее со него овојпат немајќи можност да се оствари. Постојано ќе го поткопува и доведува до состојба на напнатост. Оној кој сака може. Без оглед какви се условите. Секој успешен човек кој успехот го постигнал сам започнал од нула. Значи од самиот старт. Затоа не откажувајте се !!!
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Глејте на тие што не ви е јасно...да разјасниме..
Ако си талентиран и имаш сон и се трудиш максимално и си упорен ,,незначи дека ке успееш во тоа..Тоа е ФАКТ!!!..
Ако го имаш т.е правиш ова претходното има шанси да успееш но тие се мали.посебно во МК.али никој не ти гарантира дека ке успееш..
Имаше повеке примери тука на форумот од луѓе кои се инволвирани во овие работи и ако од нив не ви е јасно што и како се дешава во спортот кај нас ..тогаш и никад нема да ви биде јасно..
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Е да ама ако така гледаме на работите постои шанса да не успееш во ништо. Не е само спортот. Кај нас ништо не е опраено, сите работи ни се наназад.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Ех Викторе, имаш поздрав од дечките што добија исписница од Пелистер.
Ланска година тројца, оваа година двајца... и тоа мои другари, што ги познавам. Никој не потпиша нов договор бидејќи нема спонзор кој би плаќал а заинтересирани ''купувачи'' нема. Него, единствено еден од дечкиве беше доволно паметен и сам се откажа(иако некако успеваше и да учи средно економско и да тренира) па ќе го гледаш низ Скопје од октомври бидејќи ќе студира Економија. :)

За другите, не знам кој ќе биде начинот за заработување на сопствен леб. Плус тројца веќе одамна се откажаа од средното образование поради тренинзите, е сеа што ќе бидам... таксисти или шанкери, голема е дилемата. И да сите се околу 195, значи исполнуваат критериуми според тебе.


:)
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
за се можи да се најди време ако се сака.
Другарка од средно е европски шампион во карате и добро си го тера факултетот!
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
за се можи да се најди време ако се сака.
Другарка од средно е европски шампион во карате и добро си го тера факултетот!
Демантирам.

Еве јас треба да имам тренинг во 8 сабајле и во 5 попладне. Вметни тука и саат време теретана. И индивидуален тренинг. Секојдневно.
Јас имам предавања од 8 саат. Имам лабароториски вежби од 1/2/3 саат. Како да престигнам на факултет и на тренинг. Остај утакмиците на страна кога треба да губам цели денови. Да имам доволно енергија, да имам време да учам и да се релаксирам и понекогаш да излезам. Ако ми направиш распоред, нормално со 8 саати спиење имаш поклонување од моја страна секојдневно.

Освен ако факултетот не го сметаш како хоби(крева двапрсти), не го земеш навремено пропушташ предавања, колоквиуми, испити и прва година ја завршуваш кога другите ја завршуваат трета... тогаш да, можи.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Демантирам.

Еве јас треба да имам тренинг во 8 сабајле и во 5 попладне. Вметни тука и саат време теретана. И индивидуален тренинг. Секојдневно.
Јас имам предавања од 8 саат. Имам лабароториски вежби од 1/2/3 саат. Како да престигнам на факултет и на тренинг. Остај утакмиците на страна кога треба да губам цели денови. Да имам доволно енергија, да имам време да учам и да се релаксирам и понекогаш да излезам. Ако ми направиш распоред, нормално со 8 саати спиење имаш поклонување од моја страна секојдневно.

Освен ако факултетот не го сметаш како хоби(крева двапрсти), не го земеш навремено пропушташ предавања, колоквиуми, испити и прва година ја завршуваш кога другите ја завршуваат трета... тогаш да, можи.
Јове ја неможам да зборувам во нејзино име, битно таа успева во тоа. А можеш да ги поместиш тренинзите кога имаш слободно време и немаш предавање, или да си го земиш факултетот вондредно.
... И па сеа ако сакаш да имаш успех и во тоа и во тоа мораш нешто да жртвуваш 3-4 години, ако не-за тоа што имаш повеќе волја.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Јок, тренинзи каде што се тренира во група не може да се преместат.
Не се може се, џабе стои така поговорката... и на глава да се намести човек 24 саати се 24 саати. Така да, во мнозина од случаите мора да се избира помеѓу едното или другото. Тоа е.

Браво, секоја чест за другарка ти штом и успева ова. :)
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
образованието пред се................
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ех Викторе, имаш поздрав од дечките што добија исписница од Пелистер.
:)
Благодарам за поздравот. Тебе ти прати поздрав онаа млада девојка во едно кривопаланечко село која чувајќи кози ми кажа дека е дипломиран економист но нема каде да работи. Исто така и од другар ми дипломиран професор по физичка култура кој се спрема да оди во Белград да живее кај роднини бидејќи дома се скара со родителите под изговор “мрзлив си и не бараш работа“ иако не е точно, како и од друг другар кој заврши одбрана а сега е во Мајами на брод. Па ти сеа направи си ја математиката... :wink:
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
1 Млада девојка
1 Дипломиран професор
1 Другар одбрана

3(три)
Него праевме муабет за спортистите. Ако е за така, со интел/ејбиси муабети пиши ги и моите на твојата листа, пошо и тие ти велам гарант ќе бидат таксисти пошо твоиве еден ден ќе излезат на интервју за работа и ќе има што да покажат, а спортистиве може да ги стават да шутираат слободни, друго нешто не ми се верува дека ќе можат да направат.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
385
Поени од реакции
18
па....спорт! ипак ако те бива зашто да не можеш да учиш и покасно, немора сите години да ги земеш точно кога е предвидено, можеш и да паузираш...а нема секоја година да те викаат за репрезентација или слично...тоа е еднаш, од тоа можеш да имаш и кариера, нормално ако те бива...
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Равенка

Ако книга = учење
Тогаш Спорт > книга

Ако книга = јак бестселер
Тогаш Спорт = книга :D:D
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Во моментов гледам едно момче на Милионер, кој е висок 202 сантиметри но се откажал од кошарката затоа што отишол да студира. За да биде посмешен муабетот (за мене) татко ми е стоматолог па и тој студира тоа.

Прашањето ми е, дали сметате дека факултетот треба да биде пред се`, па дури и покрај фактот што (ова момче) има идеални предиспозиции за светска спортска кариера?
Сеа мојов избор ќе биде и спорт и книга во исто време пошто мечот што го играш е еднаш неделно, еве ај и тренинзи да сметаме и слично. А остатокот од времето може да го поминеш учејки и слично така да секогаш ако се има желба може да се заврши било која работа. А еве и уште еден факт сега да не набројувам од успешниве спортисти ама како сите што знаеме сезоните во спортовиве траат до април мај и после тоа од авгусе почнуваат пак. И да сме зафатени во тие месеци кога трае спортот кога е паузата секогаш може да се земат напредни часови и слично па и со школото да се успее
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
1 Млада девојка
1 Дипломиран професор
1 Другар одбрана

3(три)
Него праевме муабет за спортистите. Ако е за така, со интел/ејбиси муабети пиши ги и моите на твојата листа, пошо и тие ти велам гарант ќе бидат таксисти пошо твоиве еден ден ќе излезат на интервју за работа и ќе има што да покажат, а спортистиве може да ги стават да шутираат слободни, друго нешто не ми се верува дека ќе можат да направат.
Nope... :nenene:

Ја поистоветуваш дипломата со човечката амбиција што е погрешно. Диплома се добива многу лесно но и без и со неа се преживува. Да се успее во животот е да се следи својот сон, и ниедна диплома нема да ти го даде тоа. Ќе ти помогне секако, ако твојот сон е да бидеш канцелариски глушец, но амбицијата, упорноста и неоткажувањето се оние нешта кои ќе те одведат до врвот.

Сакаш примери, знам дека не сакаш, но ако посакаш во секое време ќе најдам. И уште еднаш, никаква гаранција не е факултетот дека ќе успееш. Од друга страна, 202 се супер гаранција дека ќе играш во прва постава ако сакаш баскет. За разлика од шансата да имаш мирна рака при вадење заби на малолетничка, бидејќи нели, таму си практично под присила на околностите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom