Споредба на содржина во 2 (два) различни pdf фајлови

  • Креатор на темата Триптико
  • Време на започнување
Т

Триптико

Гостин
Имам некои 50 pdf фајлови, секој по 30-70 страници. Знае ли некој, како можам да споредувам содржина во 2 различни pdf? Податоците во истите се и бројки и букви, распоредени во табели. Проверено е дека не работи (или премногу време треба за форматирање) следново:
- конвертирање во word или excel (податоците буквално се разлетуваат на сите страни и премногу време е потребно да се создаде табелата од изворниот фајл)
- разни compare софтвери (кои повеќе ќе ти дигнат притисок, отколку што ќе најдат што е исто/различно во фајловите
Потребно е да се најдат врзани податоци од едниот, со врзани податоци од другиот. Да речеме, во едниот има име,презиме,адреса на некое лице (ова е само како пример, други се вистинските податоци). Сакам да направам споредба, дали истите податоци (како целина) ги има и во вториот фајл, без разлика дали се во ист/различен ред споредбено со првиот фајл.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Според мене најдобро е со конвертирање!
Е сега, проблемот настанува што користиш. Имаш две опции.
Едната која според мене е подобра е да користиш Adobe Pro 10, во кој околу 90% од содржината е на место, па ти останува само мал дел да го досредиш. Ова го знам од искуство. Да го имам на мојот ПЦ, одма би ти се понудил да ти помогнам, али користам ПРО7 кој ми е сосема доволен за моите потреби. Така да ако некој од овде има 10-ка нека се јави и да ти заврши работа
Вториот начин е со користење на ABBY 12-ка, каде и тука не е идеално, ама ќе заврши работа. Со овој програм дури можеш и деректно во ПДФ да ги правиш споредбите. Само е малку зезнат за инсталирање.
 
Т

Триптико

Гостин
Ајде појасно да биде. Ми треба слично на барање дупликати во excel. Тоа Adobe Acrobat pro 11 не ми го дава, или јас сум смотан и не знам како. :(
А за конвертирањето користам Able2Extract и супер е. Подобар од Abbyy fine reader 11 и поедноставен. Проблемот е што во двата случаја добиваш буквално разлетани табели.

Capture.JPG
Првиот е да речеме оригиналот, а второто добиеното во excel. Замисли да имаш едно 3-4000 редови и 20-30 колони. Не е едноставно создавањето на првата табела.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom