Спонзорства.

[MkD]Scout

~Fade to Black~
Член од
28 јануари 2007
Мислења
1.485
Поени од реакции
9
Дали некоја од реномираните Македонски фирми се занимаваат со спонзорирање на клубови (фудбал , боречки вештини и тн) и каде можам да најдам некакво инфо ваков домен на работи?

поздрав
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
Со оглед на тоа каков закон за спорт имаме, полесно ќе најдеш вода во пустина отколку фирма која е заинтересирана да спонзорира.

Во нормалните спортски држави, значи оние кои навистина (а не декларативно) се грижат за спортот, компаниите кои финансираат во истиот имаат разни привилегии и олеснувања. Кај нас, ако фирма ти даде спонзорство, ќе и опнат и данок кој треба да го плати на парите што ќе ти ги даде. Во последниот закон за спорт смислија некои олеснувања, но тоа е траги-комично.

Затоа, да извлечеш пари од приватна компанија за спонзорство е скоро Невозможна Мисија. И оние кои извлекуваат го прават тоа на база на познанства, или во одредена фирма се нашол човек од одреден спорт кој има некаква моќ на одлучување или убедување, па протуркал некои работи.

Инаку, во главно одиме на рекламирање: се наградува „врвниот спорт“ додека базата (клубовите), пропаѓа. Еден ден кога базата ќе се сруши, ќе нема кого да наградат за врвни резултати. И ќе им светне, како по навика, предоцна...
 

[MkD]Scout

~Fade to Black~
Член од
28 јануари 2007
Мислења
1.485
Поени од реакции
9
Интериста , немаш претстава колку го делам истото мислење..
Сепак мислев дека ете ќе ми се посреќи.. ама очигледно ништо од муабетот и џабе си фантазирам за наша опремена сала со рекламата на некој познат македонски бренд..

Тренирам Џит Кун До (jeet kune do) во The Strongest и дојдовме на идеа да најдеме спонзорство за наше лично доџо..
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
[MkD]Scout;3093721 напиша:
Интериста , немаш претстава колку го делам истото мислење..
Сепак мислев дека ете ќе ми се посреќи.. ама очигледно ништо од муабетот и џабе си фантазирам за наша опремена сала со рекламата на некој познат македонски бренд..

Тренирам Џит Кун До (jeet kune do) во The Strongest и дојдовме на идеа да најдеме спонзорство за наше лично доџо..
Не сакав да бидам песимист, ама од лично искуство, не ни можам да кажам нешто што наликува на оптимизам. Но бидете упорни, тропајте од врата до врата, борете се... нема што да изгубите од малку време и нерви. И можеби ќе ви се посреќи.

Многу успех!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom