Спомен обележје на Мисирков во Украина

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Во Одеса, Украина е поставено Спомен обележје на македонскиот преродбеник Крсте Мисирков. Ова е прв споменик на Мисирков поставен во некоја странска држава.


Меморијалната плоча е поставена на куќата каде од 1907-та до 1913-та година живеел Мисирков.

Свеченоста се одржа за време на седмата научна конференција, од 5 до 8 јуни во Одеса во организација на Украинската академија на науките и на МАНУ.
Спомен плочата ја откриле академик Блаже Ристовски и заменикот градоначалник на Одеса.
Се предвидува, меѓу другото, да се направи споменик на Мисирков во Одеса. Тие предлагаат да биде некаде во близината на универзитетот кој е зачуван како зграда, каде што учел Мисирков како студент во седми и осми семестар, а исто така да се одржи еден научен собир“, изјави Блаже Ристовски, академик.


Во заедничка декларација академиците од МАНУ и од Украинската академија искажуваат загриженост што во Годината на јазиците во светот и во Годината на македонскиот јазик, една земја која се смета за лулка на демократијата, упорно ги негира атрибутите на македонскиот национален идентитет, името, јазикот, традицијата, историјата и културата.


Македонија има право од Заедницата на народите да бара да се почитува нејзиното историско име и национален идентитет, се вели во заедничката изјава на МАНУ и Украинската академија.
„Овие заклучоци сакаат само да укажат уште еднаш, покрај многупати, дека науката стои зад вистината“, Блаже Ристовски.
Наскоро ќе биде издадена книга со статиите на Мисирков на украински јазик.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Фала богу одработиле нешто позитивно геријатриите од МАНУ.
Вакви работи ни требаат во моментов, за афирмација.Зајакнување на односите...
Кога го прочитав насловот на темава си реков....пак „братјата“ запржиле нешто...:)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Не не хехе, овојпат не ни запржиле ништо.

И мене ме израдува веста, конечно да мрднат сенилните и да направат нешто корисно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom