SaltNPepa
Other's envy, owner's pride!!!
- Член од
- 14 септември 2012
- Мислења
- 1.945
- Поени од реакции
- 2.523
Иако постои тема наменета за исхрана на кучињата, ова нека биде резиме на намирниците што се препорачливи за нив.
Кој вид на месо е добредојден во стомакот на Вашиот миленик?
1) Пилешки грбови
Се препорачува во исхраната на кутрињата да се воведат некаде после третиот месец.
2) Пилешки црн дроб и срца, како и јајца од препелица
3) Јунешки ребра
4) Јунешки меснати коски
Се даваат најчесто живи. Можете да ги дадете на кутре после 2 месеци меѓутоа тогаш најверојатно ќе му биде занимација бидејќи сеуште не може да ја прегриза коската.
5) Чуркини грбови
Потврди од пилешките, поради што малите кутриња ќе имаат проблем да ги прегризаат, но тоа само за кратко
6) Јунешки црн дроб, бел дроб, јазик, срце, бураг, бубрег
Може да се дадат или живи или проварени, освен бурагот (многу мириса).
7) Јунешки бутни коски
Иако нивната хранлива вредност е мала, скоро никаква, одлични се за забна занимација на Вашиот миленик како и за чистење на забите.
8) Јунешки грклани
9) Риба, обично глави од риба, филе, или гирици и папалини.
Свинското месо не е препорачливо во исхраната на милениците, поради што содржи голем процент на масти и може да предизвика дијареа, а понекогаш и проблем со аналните жлезди.
Доколку не сакате да давате живо месо, слободно во зовриена вода пропуштете го месото некои 5-6 мин и потоа сервирајте.
Листа на намирници од билно потекло.
Зеленчук: пиперка, домат, блитва, спанаќ, морков, целер, компир(во мала количина, добро проварен), тиква, цвекло, карфиол, зелка. Останатото може да се изренда и исто во зовриена вода се пропушта да се провари за кратко.
Овошје: јабука, крушка, банана, лубеница, слива, кајсија, праски(многу нормално без семките). Овошјето обично се дава во некој оброк или како ужинка.
Млеко и млечни производи.
Може да давате млеко(кравјо или козјо, варено или неварено), сирење, јогурт, сурутка, кисело млеко.
Сурутката е обично препорачлива кај младите кутриња, кај кучите во лактација, гравидните кучки и кучињата кои имаат појак тренинг. Водете сметка дека кај младите кутриња треба да се воведува постепено, а штом ќе се навикне може да добива и поголеми количини. Одлична е за нив поради богатството на калциум, а помага и во регулацијата на тежината и формирањето на мускулната маса кај работните кучиња.
Сликите и текстот се преведени од форум наменет за исхрана на кучињата, нормално со дозвола од нивната администрација!
п.с. понатаму можам да додам и некои рецепти за домашна исхрана А слободно и вие споделете и свои рецепти, може и со слики, уште поубаво.