Список на намирници кои се препорачуваат во исхраната кучињата

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Иако постои тема наменета за исхрана на кучињата, ова нека биде резиме на намирниците што се препорачливи за нив.

Кој вид на месо е добредојден во стомакот на Вашиот миленик?

1) Пилешки грбови

Се препорачува во исхраната на кутрињата да се воведат некаде после третиот месец.

2) Пилешки црн дроб и срца, како и јајца од препелица

3) Јунешки ребра

4) Јунешки меснати коски

Се даваат најчесто живи. Можете да ги дадете на кутре после 2 месеци меѓутоа тогаш најверојатно ќе му биде занимација бидејќи сеуште не може да ја прегриза коската.

5) Чуркини грбови

Потврди од пилешките, поради што малите кутриња ќе имаат проблем да ги прегризаат, но тоа само за кратко :D

6) Јунешки црн дроб, бел дроб, јазик, срце, бураг, бубрег

Може да се дадат или живи или проварени, освен бурагот (многу мириса).

7) Јунешки бутни коски

Иако нивната хранлива вредност е мала, скоро никаква, одлични се за забна занимација на Вашиот миленик како и за чистење на забите.

8) Јунешки грклани

9) Риба, обично глави од риба, филе, или гирици и папалини.

Свинското месо не е препорачливо во исхраната на милениците, поради што содржи голем процент на масти и може да предизвика дијареа, а понекогаш и проблем со аналните жлезди.
Доколку не сакате да давате живо месо, слободно во зовриена вода пропуштете го месото некои 5-6 мин и потоа сервирајте.

Листа на намирници од билно потекло.
Зеленчук: пиперка, домат, блитва, спанаќ, морков, целер, компир(во мала количина, добро проварен), тиква, цвекло, карфиол, зелка. Останатото може да се изренда и исто во зовриена вода се пропушта да се провари за кратко.

Овошје: јабука, крушка, банана, лубеница, слива, кајсија, праски(многу нормално без семките). Овошјето обично се дава во некој оброк или како ужинка.

Млеко и млечни производи.
Може да давате млеко(кравјо или козјо, варено или неварено), сирење, јогурт, сурутка, кисело млеко.
Сурутката е обично препорачлива кај младите кутриња, кај кучите во лактација, гравидните кучки и кучињата кои имаат појак тренинг. Водете сметка дека кај младите кутриња треба да се воведува постепено, а штом ќе се навикне може да добива и поголеми количини. Одлична е за нив поради богатството на калциум, а помага и во регулацијата на тежината и формирањето на мускулната маса кај работните кучиња.

Сликите и текстот се преведени од форум наменет за исхрана на кучињата, нормално со дозвола од нивната администрација!

п.с. понатаму можам да додам и некои рецепти за домашна исхрана :) А слободно и вие споделете и свои рецепти, може и со слики, уште поубаво.
 
Ф

Флеш

Гостин
Да ставеше PG-13 барем или пак предупредување ... да те прашам нешо, нешто од благото, нешто како чоколадо може нешто да се даде на куче?
Не се разбирам многу, неколку пати имам пробано, и ми се дереле дека не чинело да се дава да го јадат заради шеќер, не знам, не ги разбирам што ми кломотеле зш не смее ... :)
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Да ставеше PG-13 барем или пак предупредување ... да те прашам нешо, нешто од благото, нешто како чоколадо може нешто да се даде на куче?
Не се разбирам многу, неколку пати имам пробано, и ми се дереле дека не чинело да се дава да го јадат заради шеќер, не знам, не ги разбирам што ми кломотеле зш не смее ... :)
Не се дава чоколадо и какао поради теоброминот во него, тој е штетен за видот на кучето. Не е приказната за шеќерот, повеќе е за оваа супстанција.
 
L

Lu

Гостин
Јас во списокот на месни продукти би ги додала и пилешките џигери, пилешките грклани, и пилешки батак и карабатак :)
Исто и месото од мисирка е многу здраво, мисиркини батаци.

А телешката јетра е феноменално нешто (y)

Текстот е одличен ... само имам една замерка околу кравјото млеко.
Јас не препорачувам да се дава кравјо млеко кај возрасни кучиња, бидејќи често возрасните кучиња имаат проблеми со варењето на млечниот шеќер - Лактоза.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Со лактозата од кравјото козјото итн.. млеко всушност може да имаат проблем и младите кучиња, бидејки кучешкото млеко за разлика од другите има помал процент на лактоза. Ова наједноставно може да се избегне ако не се дава млекото претерано често и во големи количини. А младите кученца кои се прихрануваат со вакво млеко, треба во мешавината да добиваат свежо млеко заедно со јогурт или кисело млеко - млечнокиселинските бактерии од нив многу го потпомагаат варењето. Јас ќе додадам само дека при ваквата исхрана освен ако месото не ви е од непроверен извор во однос на неговата хигиена и безбедност за употреба, можете слободно и да не го готвите, бидејки само така ќе ги добие кучето најдобрите хранливи материи од него. Зеленчукот треба да е обарен само на кратко во врела вода, и по можност да е исечкан или рендан заради подобра обработка во дигестивниот тракт.Овошјето најдобро е да е свежо и исто така исечкано или рендано. Пилешкото - вратови,грбови, крилца, копани... не ги сечете, разделувајте или обарувајте, бидејки имаат коски, најдобро е да се во големи парчиња кои ќе го поттикнат кучето да џвака,наместо лакомо да голта,со тоа ја намалувате опасноста да се задави или исече од нив при јадењето. Гркланите најдобро е да се сечат на помали парчиња, бидејки рскавиците се остри. Коските давајте ги искучиво живи.
Свинското месо, всушност може да се користи кај кучиња - сега во зимскиот период особено кога е многу ладно и кај кучиња кои се чуваат надвор. Можете и да додавате по 1-2 лажици свинска маст во вечерниот оброк кај овие кучиња, дава енергија за одржување на телесната температура.
Како додаток можете да давате и леб, тестенини, ориз или палента.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Млеко и млечни производи.
Може да давате млеко(кравјо или козјо, варено или неварено
Со се друго се сложувам, освен со млекото. Кучињата се лактоз интолерантни (не знам подобар термин на македонски), секое конзумирање на млеко доведува до диареа. Затоа млеко не се препорачува после 3 тиот месец. И кога се дава кравјо или козјо, кои се прејаки за кученцата во однос на млекото од кучката, секогаш се раствараат со вода (70-% вода- 30% млеко за козјо, обратно за кравјо), но никако не смее тоа да биде главен оброк, туку како додаток во папи исхраната. Уште попрепорачливо е да се дава млеко во прав, но потенцирам -не после 3 тиот месец.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Член од
11 април 2012
Мислења
4.287
Поени од реакции
4.689
Морковот ќе пишам пак дека е добар,ама само немојте да го давате на бели кучиња, многу ќе пожолтат од бета-каротинот.
or maybe not. немој сеа одма да ме нападнеш ама и во некоја од готовите храни има бета каротин па им се дава на бели кучиња (пример ројал). Познавам луѓе кој им даваат, а и јас давам на моите. Па еве со години не смениле боја или пожолтеле. Е сеа да не се залажуваме не им даваме кило морков дневно или неделно. Се случува да им се даде морков 1-2 пати во месец и пак ке кажам во минимални количини.

Е сеа повеќе прашања за Пепа или Лу или кој и да се разбира повеќе од мене :) . Ова со пилешкиве меса грбки, батак и слично. Зарем сосе коски да им ги давам нели не е убаво да добиваат пилешки коски. Да напоменам дека моиве мази не јадат многу многу живо месо, па ќе морам да го подварам или да го запечам што прави веќе проблем.

ПС споделувајте рецепти најбрзо што може зашто ке се мрднам секој ден готвиме, ама не ми е тоа проблемот. Туку несакаа да јадат готова храна и јас како добар газда ( а уствари најлош зашто ги размазувам) ги префрлив на готвено и еве после едвај месец дена они решија дека сега и оваа храна не им чини.

ППС ако имате некој проверен извор за купување на месо по некоја поприфатлива цена, зашто јас купувам од месариве што ги иам во околина и не ми е баш мн ефтино, а ранам две кучиња. Мала помош коа ке одговарате на ова прашање, живеам во скопје (маџари), ама не е проблем да извозам некаде во околинава и да земам за неколку дена унапред (не повеке од недела дена поради ограничени услови за складирање).
 
Грбовите се `рскавица мислам дека нив можеш да ги дадеш целосно(ќе ги исечкаш на парчиња), а батакот нормално само месо, коски од пиле никако! Прави каша попара на ГИ тракт.
 
Член од
21 октомври 2007
Мислења
99
Поени од реакции
58
Ај ве молам кажете каде наоѓате пилешки грбови и грклани, јас во неколку месарници кај што сум прашала, немало.

ПС Магданосот е препорачлив за здивот.
еве еден сајт со многу рецепти за кучешки десерти
doggydessertchef.com/
 
L

Lu

Гостин
Е сеа повеќе прашања за Пепа или Лу или кој и да се разбира повеќе од мене :) . Ова со пилешкиве меса грбки, батак и слично. Зарем сосе коски да им ги давам нели не е убаво да добиваат пилешки коски. Да напоменам дека моиве мази не јадат многу многу живо месо, па ќе морам да го подварам или да го запечам што прави веќе проблем.
Морков слободно може да даваш на бели кучиња, но серазбира во мали количини, од 1 - 2 морковчиња неделно ништо нема да и биде на длаката ... тоа за пожолтувањето важи само доколку се дава морковот во големи количини (како што давам јас по 2 моркови секој ден на Доберманката) :D

За пилешките коски ... од батак или карабатак обавезно вади ја коската и давај го само месото, таа коска од батакот и карабатакот е најопасна, кога кучето ја крши, таа коска не се рони на тапи парчиња (како на пример телешката) туку се крши на остри парчиња, а тие парчиња се остри како жилет, и буквално може да направат каша-попара во стомакот и да ги распараат цревата ... да му дадеш на куче да јаде пилешка коска е еднакво на тоа да го тераш да напраи самоубиство.
На моја другарка и умре кучето од пилешка коска ... доби внатрешно крварење, цревата партали ... и за жал почина.

А за пилешките грбови, јас кога давам, ја давам само таа коската од грбот - поточно р'бетот, таа е шуплива и се крши на мали тапи парчиња, а оние коскички ситни што се од двете страни на р'бетната коска, ги одвојувам и ги фрлам ... иако се мали, сепак се остри и некако ми е шубе да и ги давам.
Ионака немаат никаква хранлива вредност, па затоа и не сакам да ризикувам.
 
Член од
7 октомври 2007
Мислења
43
Поени од реакции
19
ППС ако имате некој проверен извор за купување на месо по некоја поприфатлива цена, зашто јас купувам од месариве што ги иам во околина и не ми е баш мн ефтино, а ранам две кучиња. Мала помош коа ке одговарате на ова прашање, живеам во скопје (маџари), ама не е проблем да извозам некаде во околинава и да земам за неколку дена унапред (не повеке од недела дена поради ограничени услови за складирање).
Јас зимам од Идризово, поточно од Ана ком (контакт тука).
Имаат поголем избор на месо, јас зимам мелено пилешко 15 кг. пакет е околу 500 денари.
Можеби според цената ќе помислиш дека е ѓубре али месото одлично се покажа, нит смрди, нит има нозе, коски и остало ѓубре во него.
Им го варам или со ориз или со палента + зеленчук, и го комбинирам со дехидрат (околу 70% месо - 30% дехидрат).

Дознав за местово пред едно 5 месеци, и сите три стоки што ги имам (Булмастиф два комада 7,5 месеци и една 4,5 год) одлично го прифатија месото.
 
A освен процентуално, како им дозираш во грамажа? Мојава јаде значи 550 грама дехидрат, а кога и да и давам месо, тоа и е плус, онака да ја прејадам од частење :)
Ме интересира, кога би земала да ја хранам со месо измешано со дехидрат (твоите 70-30) колку е тоа во грамажа -месо. Зашо сигурно 550 грама дехидрат не е исто што и 550 грама месо :)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Јас кога би давал на мое куче истото би го давал некаде 350г. месо:200г. дехидрат.
Знам дека не е 70:30 (не ме бива математика) :D ама мене ми личи како добар оброк за кучето.
Сепак,тое е само мое мислење,немора да се совпаѓа со нечие друго :)
Па мислам дека тоа би бил недоволен оброк, пошо сепак дехидратот некако повеќе ги заситува од месото, затоа ме интересира колку месо би било доволно во оброк.
Ако и давам на мојава само 350 гр. месо и 200 гр. дехидрат, ќе ја напраам манекенка за една недела, да не речам Доберман ќе стане :)
 
Јас кога давам месо + ориз + зеленчук, гледам да има најмалку 600 - 700 грама месо ... а вообичаена дневна доза (оброк) и е 1 кг. телешко месо ( +/- 100 гр.).

Можеби кога ќе спомнам 1 кг. телешко месо, изгледа како голема цифра (количина) за еден оброк, но сепак мојата Доберманка е премногу активна, и секој ден по најмалку 2 часа ја шетам и притоа она постојано трча (можда повеќе од 10 километри во текот на прошетката) и се бори со другите кучиња ... тоа „бори“ серазбира е кажано во контекст на игра, се бори додека игра, и троши навистина многу енергија, па затоа тој 1 кг. телешко месо потполно и ги задоволува нејзините дневни потреби и притоа има идеална тежина, ниту е слаба, ниту е дебела, сосема е складна ... 67 цм. висока на гребен, и 36 кг. тешка ... што е сосема идеално за женка Доберман.
Јас зимам од Идризово, поточно од Ана ком (контакт тука).
Имаат поголем избор на месо, јас зимам мелено пилешко 15 кг. пакет е околу 500 денари.
Можеби според цената ќе помислиш дека е ѓубре али месото одлично се покажа, нит смрди, нит има нозе, коски и остало ѓубре во него.
Им го варам или со ориз или со палента + зеленчук, и го комбинирам со дехидрат (околу 70% месо - 30% дехидрат).

Дознав за местово пред едно 5 месеци, и сите три стоки што ги имам (Булмастиф два комада 7,5 месеци и една 4,5 год) одлично го прифатија месото.
Сум слушнала и од други сопственици дека зимаат пилешко месо од Идризово, али не сум се заинтересирала подетално.
Но ценава од 500 денари за 15 кг. мелено пилешко месо е одлична, дефинитивно ќе земам еден пакет да видам како ќе се покаже :)

Освен мелено пилешко месо, си пробал други продукти ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom