Специјално за да ја најдам

Член од
20 август 2011
Мислења
6
Поени од реакции
3
Пред две години на едно залутано цеденце на една моја цимерка заслушав една песна од која го паметам само ова:

„Уште една нова искра доаѓа од мојот дом,расте таа пак во мене, дали знаеш?“

нешто така идеше текстот. Ај форумџии ќе ве молам доколку знаете за која песна се работи да ми помогнете, ептен ќе ми значи. :love::love::)
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.147
Поени од реакции
4.025
Хмм прв пат слушам за песнава... Машко или женско пее? Што стил на музика е, балада, фолк, дај нешто информација што би можела да помогне...
 
K

kalimer0

Гостин
Посакав

Сакав да се вратам да те гушнам уште еднаш.
Да те видам и да ти кажам колку ми значиш
Сепак, продолжив да чекорам
посакувајќи да се стрчаш и да викнеш по мене.
И сосема на крај..
Ми недостигаш..
Посакав да осамнам со денот
и да не замрам во ноќта..
Но, неможеш да осамнеш а да не замреш..
И неможеш да замреш, а да не осамнеш..
среќен сум.
исполнет
да.
уште една нова искра доаѓа од својот дом
расте таа пак во мене, дали знаеш?

Александар Б. Пушкин

Јас ова успеав да го најдам...
 
Член од
20 август 2011
Мислења
6
Поени од реакции
3
Девојка ја пее песнава. Балада е, таква нежна песна.. ништо од нејзе не памтам освен тој стих. :tapp:
--- надополнето: Sep 8, 2011 11:37 PM ---
драг калимеро, каде го ископа ова?! Знаеш ли дека го имав пишано на блог баш тој период кога последен пат ја слушнав песнава, и дека сум го пишувала јас, со исклучок на последните стихови кои ги спомнувам и сега o_O
 
Член од
20 август 2011
Мислења
6
Поени од реакции
3
Се прашувам како допрело таму со потписот под него :D интересно,на се ќе си налета човек. Сум била и ја у тинејџерските укењани години, ееее,ееее. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom