Што им фали на нашава специјална единица Волци ?.
Многу нешта и фалат како пр. ново оружје со кое ке одат на мисии преку ИСАФ и сл а не како сега со АК-47 по 10 години старо, опрема каква што доликува на елитна специјална единица како двогледи со ноќни леќи, професионален панцир прилагоден за телото и едно 100-тина вакви борбени алатки.
И да се надополнам не сакам погрешка да ме сватиш, АК-47 е многу добро оружје али не како главно оружје на армијска специјална единица, за бунтовници, гирилци и сл океј е али за специјалци не.
Не е се во парите,незнам за единиците од Америка,Англија и Франција но за да бидеш член на волците треба да поминеш во многу тестови.На пр: 24 дневното преживување,во кое на 10-тиот ден имаат 36 часовен марш..
За да опстои било каква единица а посебно специјална единица потребни се финансии и тоа големи.Бидејки се е во тоа оружје, плати, информации и сл
Обичната пешадијска единица на УСА има 24 часовно прежувување и марш на 10-тиот ден.А да не зборувам за другите држави кои ти ги напомена.
Да ти појаснам нешто кога во Македонија ке испадне конкурс дека се бараат 100 регрути за во ПСО "Волци" на него ке се пријават 50 што не ја исполнуваат ни квотата а камо ли да имаат брутални селекции.А кога во УСА и сл држава ке се бара на конкурс 100 ке се пријават 1000, така да таму они имаат место за брутални селекции и сигурни се дека останале најсилните и најјаките и дека селекцијата е валидна и успешна.
Ова неверувам дека го има во ''елитните единици на Америка''.
Верувај дека имаат и многу многу појака да не кажам ама сигурно едно 10 пати подобра и потешка.
Неоспорно е она што ТИЕ го прават за нашата држава. Спорно е што Нашата држава прави за НИВ?
Смешни плати земаат нашите,за разлика од спец во другите држави... особено Волците/
За оваа не спорам.