Спа центри

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Она што е хит во светот моментално кога станува збор за убавината се спа центрите.
Тоа се центри каде што личноста може целосно да се опушти и подложи на разни третмани за целосна грижа на телото и духот.

Спа доаѓа од латинското Sanitus par Aqua т.е здрави преку вода. Спа е име на минерална вода во Белгија, прославена по своите благопријатни својства за здравјето и убавината.

Спа центарот е направен на тој начин што доведува лицата да се опуштат и заборават на проблемите. Пригушена светлина, тивка музика, меки материи и ароми за опуштање се сообразуваат со масажи и водни процедури.



Спа центрите се луксуз мора да се признае. Најчесто лицата не одат таму за 1 час масажа. Тоа се прави и во обичните салони за убавина. Во светот лицата одат на 1 ден, на 1 недела или 2 недели на целосно опуштање во спа центрите.

Овој тренд кој започна во САД се прошири насекаде во светот и секако дојде и до Македонија. Отворени се 10тина спа центри во Македонија. Е сега колку ги задоволуваат светските стандарди за спа центри не знам. Спа центарот не е обичен и секојдневен салон за убавина, тоа треба да е луксузен хотел за убавина и опуштање каде лицата можат неколку дена да бидат гости. Дали спа центарите во Македонија се такви? Дали вие сте биле во спа центар? Дали позитивно ги оценувате овие спа центри?


Еве слики од неколку познати спа центри во светот колку за илустрација што е вистински спа центар:)

Спа центарот во Хотел Плаза во Париз. Отворен од Моника Белучи пред месец дена на површина од 3000 метри квадратни е всушност спа центар на Диор.


Grand Hotel La Florida во Барселона


Capti Beaty Farm во Италија


The four season во Sharm el Sheikh


Atazro на Ибица


The Lodge во Verbier


Gstaad Palace во Швајцарија
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Пригушена светлина, тивка музика, меки материи и ароми за опуштање се сообразуваат со масажи и водни процедури.
Ова на друго ме потсеќа, али нема везе со муабетов.

Кај нас има Спа центри, не сум посетил освен старомодните ,,бањи,, :))
 
V

[vladimir]

Гостин
Сум бил во спа центар во InrerHotel во Сандански, Бугарија навистина е рај.Далеку е од вака ексклузивните спа центри во светот али за нашиот стандард услугите се добри.Најблиската наредна прилика одам пак :)
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Барем јас,кај нас немам сретнато спа центри во вистинска смисла на зборот.Има доста центри кои се нарекуваат спа,ама ни оддалеку не се тоа што треба да бидат.А треба да бидат баш како што опиша ти погоре.Штета,отсекогаш сум сакала да посетам еден таков центар,да се опуштиш и да уживаш.Во Скопје можи и да има,ама јас немам сретнато.Ако знај некоја,нека кажи кај има.Ама да е онака прав спа центар,а не козметички салон.
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Имам еднаш одено во Турција така фул третман со сауна, базен и масажа и супеер беше, башка и ептен добро беше опремена. Овде не сум била и баш ме фати мерак сега :) Има ли некој овде одено во Плаца или на некое друго место па да сподели цени и такви работи :)
 
Член од
28 ноември 2008
Мислења
92
Поени од реакции
1
Nesakam da odam na mesta kaj so potoa bbi otisle uste mn stotici,ubavo mi e koga ke sinapravam kupka doma so mirizlivi stap4inja(retkost e koga imam vreme vo studenite zimski denovi):pipi:
 

ηιкσlα

ılılı Сакам Зеленко ılılı
Член од
27 февруари 2009
Мислења
173
Поени од реакции
4
За спа центрите сум научил едно и наубаво..Турција.:)
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Би сакала некогаш да одам...
онака за релаксација:pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom