Со новиот Office и нови формати!

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Мајкрософт ги објави новите формати на документите за следната верзија на Офис, која треба да излезе на почетокот на 2007-ма. Најголемата новина е што сите фајлови од идниот Офис ќе имаат по четири букви во своите наставки.

Причина за нивната промена е новиот формат на фајлови базиран на XML. Сепак новата верзија на Офис ќе биде компатибилна со документите од претходните изданија кои имаат наставка од 3 букви.

Во Офис 2007 ќе биде вградена опцијата за извезување на документите во PDF и XPS формат. XPS e формат кој овозможува понапредно уредување на авторските права и безбедноста на документите.

Новите документи ќе ги имаат следните наставки

Word Document (.docx)
Excel Workbook (.xlsx)
PowerPoint Presentation (.pptx)

Нов оперативен систем, нови програми, нови формати... којзнае што ќе биде во 2007!?!
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.385
Исти се наставките само на крајот е додаден еден икс. Инаку Офис 2003 што го имам поседува се што ми треба така да не размислувам за надградба во блиска иднина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom