jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.498
- Поени од реакции
- 27.317
На Солунска Глава имав можност да преседам 4 ипол месеци. почнав од есента (15 Септември) и не симнаа од UNPROFOR околу 30 Јануари.Тоа ми е еден интересен авантуристички период од животот. Видов многу природни убавини. Видов навеви од снег и од 8 метри. Видов како за 1 вечер улична светилка висока 4 метри се покрива со снег. Со обична собна антена се фаќаа сите канали на соседите, плус раиуне раидуе раитре, француската теле5, германски канали итн.Не знаев точно каде да ја постирам темава, решив на овој форум.
Прашањето е: дали Солунска глава може да биде / е туристичка атракција?
Ако некој бил таму, би било убаво да раскаже подетално како ја доживеал.
Посебоно ме интересира како се стигнува до СГ, како се качува, кои знаменитости може да се видат (слунав за Бегово поле?).
Се разбира, поинтересно ќе е ако има слики.
Еднашка кога кратев пат од врвот до објектот, скокајќи во снег по каскади високи по 3 метри се сретнав очи во очи со волк. Од врвот истовремено го гледам Скопје на едната страна и Прилеп и Битола на другата страна и уште некои градови(не ми текиња кои беа други). Дефинитивно се гледа Грчка територија, речиси сум сигурен дека во ептен ведри денови се гледа и морето. А Солун викаат дека ради смогот повеќе не се гледа. Кога еднаш беше добро времето, со двоглед можеше да се видат боите на семафорите на Булаевар Србија (Булеварот што ги дели Аеродром и Ново Лисиче).
Славев Нова Година на 2540 метри надморска височина. Видов неколку вертикални пропасти во околината (во близина на врвот има 1 вертикален и еден што викаат дека излага на Солунско поле) од кои најголемиот со радиус 25 метри и вертикална длабочина од 400 метри(на јужниот дел одма после Солунско поле).
Самата Солунска глава има многу сурови услови за да биде туристичка дестинација, дури и во лето. Доста е опасна за тие што не ја знаат дека има доста вертикални јами и треба да се пази. Од источна страна има вертикални карпи високи 800 метри(не сум сигурен за бројката) и викаат дека тука се вежбаат искусните алпинисти. Иначе немам ориентација колку се одалечени од врвот, пошто сум кружел за да им се приближам, но еднашка кога се качувавме на снег од источната страна, се зализгавме бајаги и ме фати страв да не паднеме на провалијата. Среќа е што од врвот до провалијата падината се наблажува и се запревме полека со ашовите.
ПС. Да не дојде до забуна, Солунско поле ја викаат висорамнината на јужниот дел од Солунска глава, а Бегово поле на западната.