Солунска глава

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.314
Не знаев точно каде да ја постирам темава, решив на овој форум.

Прашањето е: дали Солунска глава може да биде / е туристичка атракција?

Ако некој бил таму, би било убаво да раскаже подетално како ја доживеал.

Посебоно ме интересира како се стигнува до СГ, како се качува, кои знаменитости може да се видат (слунав за Бегово поле?).

Се разбира, поинтересно ќе е ако има слики.
На Солунска Глава имав можност да преседам 4 ипол месеци. почнав од есента (15 Септември) и не симнаа од UNPROFOR околу 30 Јануари.Тоа ми е еден интересен авантуристички период од животот. Видов многу природни убавини. Видов навеви од снег и од 8 метри. Видов како за 1 вечер улична светилка висока 4 метри се покрива со снег. Со обична собна антена се фаќаа сите канали на соседите, плус раиуне раидуе раитре, француската теле5, германски канали итн.

Еднашка кога кратев пат од врвот до објектот, скокајќи во снег по каскади високи по 3 метри се сретнав очи во очи со волк. Од врвот истовремено го гледам Скопје на едната страна и Прилеп и Битола на другата страна и уште некои градови(не ми текиња кои беа други). Дефинитивно се гледа Грчка територија, речиси сум сигурен дека во ептен ведри денови се гледа и морето. А Солун викаат дека ради смогот повеќе не се гледа. Кога еднаш беше добро времето, со двоглед можеше да се видат боите на семафорите на Булаевар Србија (Булеварот што ги дели Аеродром и Ново Лисиче).

Славев Нова Година на 2540 метри надморска височина. Видов неколку вертикални пропасти во околината (во близина на врвот има 1 вертикален и еден што викаат дека излага на Солунско поле) од кои најголемиот со радиус 25 метри и вертикална длабочина од 400 метри(на јужниот дел одма после Солунско поле).

Самата Солунска глава има многу сурови услови за да биде туристичка дестинација, дури и во лето. Доста е опасна за тие што не ја знаат дека има доста вертикални јами и треба да се пази. Од источна страна има вертикални карпи високи 800 метри(не сум сигурен за бројката) и викаат дека тука се вежбаат искусните алпинисти. Иначе немам ориентација колку се одалечени од врвот, пошто сум кружел за да им се приближам, но еднашка кога се качувавме на снег од источната страна, се зализгавме бајаги и ме фати страв да не паднеме на провалијата. Среќа е што од врвот до провалијата падината се наблажува и се запревме полека со ашовите.


ПС. Да не дојде до забуна, Солунско поле ја викаат висорамнината на јужниот дел од Солунска глава, а Бегово поле на западната.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Добив идеја за викенди.
Срамота е колку сме несвесни какви добри места имаме во толку мал простор...
Вакви места се атракција и треба да бидат се повеќе актуелизирани ама што да правиш кај нас Охрид па Охрид тоа е единото туристичко место, планискиов туризам можам слободно да кажам дека може да има далеку поголем потенцијал кај нас.
 
Член од
10 септември 2011
Мислења
133
Поени од реакции
73
Znaci kako so procitav tesko e da se iskaci za 1 den do solunska glava. a ima tamu pat ili patokazi kako od domot da stignes do vrv(najverojatno), ama nekoj da mi potvrdi, jas dobiv zelba i sakam da idam vikendov pa ke vidam kako ke uspeam da se organiziram. pozz
 
М

Мартин`

Гостин
Znaci kako so procitav tesko e da se iskaci za 1 den do solunska glava. a ima tamu pat ili patokazi kako od domot da stignes do vrv(najverojatno), ama nekoj da mi potvrdi, jas dobiv zelba i sakam da idam vikendov pa ke vidam kako ke uspeam da se organiziram. pozz
Па не е баш лесно во еден ден (иако кога е подолг денот во летно време се искачува) инаку од Нежилово до домот се стигнува за некои си 2 саати има на почетокот патека добра широка после кога влегуваш во шумата има ознаки по дрвата ќе ги следите и ќе се снајдете за тоа. Од домот до Солунска глава имаш околу 3-4 саати одење во зависност од темпото и колку си физички спремен исто тешко е да промашиш патеката се познава добро разгазено е плус имаш ознаки по дрвата а кога ќе почне “голиот“ дел односно кога ќе нема шума веќе исто се познава патеката мада има ставано и на скоро секои 50тина метри купчиња со камења како ознаки а некаде и дрво заедно со камењата.
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
e sea ushte neshto me interesira , dali patot do domot i do vrvot e samo prav uprcen ili ima krivini kako za popova sapka, ako e uprchen mu ga ebavme , deka nie tetovchani naucheni na krivine.axa
 
М

Мартин`

Гостин
e sea ushte neshto me interesira , dali patot do domot i do vrvot e samo prav uprcen ili ima krivini kako za popova sapka, ako e uprchen mu ga ebavme , deka nie tetovchani naucheni na krivine.axa
Од Нежилово до домот не е скроз направо ама и нема многу кривини.. од домот до Солунска скоро ич не се оди само “право“.
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Скопје - Богомила - Папрадиште - Чеплез - Солунска глава :)
Тоа беше вчерашната релација која ја поминавме за еден ден, иако прв пат ми беше и повторно не би одел за еден ден, освен со сопствена кола со цел порано да се тргне и пристигне таму.
Утрото во сабота со воз за Битола (6-48 минути) се натоваривме, за 2 саати пристигнавме во Богомила од таму со такси до Папрадиште, кое не чинеше 300 денари. Такси има таму цело време ве чека, но ако сакате може и да се јавите на некој за посигурно. Ние во возот го сретнавме чичко Бурим за кој предходната ден само на интернет читавме дека е човекот кој се качил 700 пати на Солунска глава. Среќата ни го прати па заедно од воз, со такси на крај и до врв стигнавме :)
И тоа качување со нас му беше 771 :)
Подобра опција е кога ќе се симнете во Богомила да одите со такси до Папрадиште него Нежилово, бидејќи висински Папрадиште е повисоко и побрзо ќе стигнете до домот Чеплез.
Од изворчињата во Папрадиште до домот Чеплез стигнавме за точно 1 саат, одморивме малце, појадувавме и тргнавме заедно со чичко Бурим према врвот, со доста брзо темпо за 2 саати и 40 минути бевме на врвот. Горе ќе ве пречекаат војници, кој ќе ви запишат име, презиме...
За надоле се симнавме до домот Чеплез за 2 саати, малце подзастанувавме да направиме по некоа фотка, во 16 - 45 минути бевме во домот Чеплез, бидејќи денот веќе е краток решивме за надоле да одиме по обиколницата а не по кратенката по која дојдовме, бидејќи ако не затемни подобро ќе биде да одиме по широк пат него низ шумата, бидејќи немавме со нас никакво осветлување. За 1 саат и 35 минути по обиколницата се симнавме доле на патот, во меѓувреме се јавивме на таксист да дојде да не собере и така во 19-15 минути бевме на железничката станица и чекавме воз за Скопје кој дојде во 20-10 минути.
 
Член од
24 ноември 2013
Мислења
216
Поени од реакции
269
Има некоја обележана патека или ... сум бил до Нежилево понатака знам имаше некоја патека ама што како :toe:

Браво за упорноста :zver:
Целата патека е обележана неможеш да утнеш. Од домот Чеплез до солунска патеката се дели на две. Црвена патека која води преку бабина дупка, и зелена патека која е скратен пат.
 
B

Bafra

Гостин
Целата патека е обележана неможеш да утнеш. Од домот Чеплез до солунска патеката се дели на две. Црвена патека која води преку бабина дупка, и зелена патека која е скратен пат.
Благодарам за инфото.
Останува уште желбата и подобри планинарски кондури да си земам :D
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.197
Поени од реакции
2.197
Тоа дека сте го виделе Солун од Солунска Глава не може да е точно, не е точно ни дека воопшто се гледа Солун, и тоа при најповолни временски услови не би било можно. Дека од солунска глава се гледа Солун е само мит и ништо повеќе.
http://www.igeografija.mk/Portal/?p=1215
Статија од д-р Ивица Милевски, професор на Институтот за географија.
 
Член од
24 ноември 2013
Мислења
216
Поени од реакции
269
Благодарам за инфото.
Останува уште желбата и подобри планинарски кондури да си земам :D
Не ти требаат некои посебни кондури, јас со обични адидас патики се качував. Само желба и времето да се погоди ;)[DOUBLEPOST=1499521098][/DOUBLEPOST]Од Солунска глава само Скопје се гледа, а Солун неможе да се види поради планините Кожуф и Козјак што се пред него.
 
B

Bafra

Гостин
Не ти требаат некои посебни кондури, јас со обични адидас патики се качував. Само желба и времето да се погоди ;)[DOUBLEPOST=1499521098][/DOUBLEPOST]Од Солунска глава само Скопје се гледа, а Солун неможе да се види поради планините Кожуф и Козјак што се пред него.
Od kade trgna peski so iskacuvanje I kolku vreme ti trebase, otprilika!
Kade ja ostavi kolata ..

Jas sum bil do ribnikot Nezilevo pesacev 45min ama mnogu insekti imase :D

Sum gi cital prethodnite postovi, no da ne ima nekoi izmeni ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom