Тенеќе, премногу си параноичен во врска со хардверот кај нас. Не постои никаква теорија на заговор од страна на нашиве дистрибутери (освен од АМЦ ама тоа веќе сите го знаеме). Јас лично од таму кај што зимам делови, нова пратка стига секоја недела, оти старата се троши. Значи не им останува шанса на луѓето да ми увалат нешто користено. А за тоа кој нив ги снабдува или колку се ок снабдувачите, за тоа неможам да коментирам пошто иде подалеку од Македонија.
Мене лично како купувач едино ме занима кога ке се расипе некое делче, односно сакам да ја знам гаранцијата на производот за да ми укаже кога ке ми рикне делот за да го сменам. Е ако сеа на плоча или рам видам 1 година гаранција тоа значи дека фирмата што сака да ми го продаде не стои зад своите производи и сака да ми ували нешто. Али да видам гаранција од 1 година на графичка, нема баш да се бунам, пошто се потрошен материјал, малтене ко Епсон принтерине (ова не важи за картици над 100 евра, али тие ионака идат со 3 год)
И друга работа, ако хард дискот има добри перформанси и ми работи повеке од 5-6 години, што ми е па мене гајле каде е произведен или дали е рефурбиш? Е ама ако ми рикне, ке идам и од глаа ке им го акнам на тие што ми го продале, па ке им викнам пазарна инспекција и другарче што работи на царина, па ке ги напраат бербат.
Со текот на времето компјутерите станаа потрошна роба, само ние македонците сме малце спорички.... Имам еден познаник од Холандија, знаеш што прави кога ке му се расипе компјутерот? (било каков квар, еве виндовсот му се заглаил) Го фрла во канта и купува нов на рати. Поише за пиво пари троши месечно него ли за хардвер. Али со компјутерот си ги вади парите, а не го користи за курташак (мсн и сл).
У секој случај да не должам, факт е дека најлошите делови идат на балканот, исто така новите делови најкасно стигаат. Кога ке дојде пратка на некој нов дел, прво се дели на земјите северозападно од нас, па ако остане нешто стига кај нас, ако не остане ништо, ондак наредната пратка ВАЉДА ке има за нас.