Совет за купување на road bike

Член од
27 март 2009
Мислења
180
Поени од реакции
4
Здраво на сите!

Сакам да купам road bike. Прв road bike ќе ми биди, па да споделите искуства, кои производители ги препорачувате, конкретно некој модел на велосипед.

Буџет 1000е.
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.314
Поени од реакции
29.018
Ова не се совети од „професионалец“, туку размислување базирано на мало „истражување“ затоа што и мене ми е road bike на листата на желби :D

По тоа што го гледав, за 1.000-1.200 евра имаш солидни нови entry-level road bike-ови, па не би одел со варијанта половен. Здравје, ако некогаш се апгрејднам и јас, сакам препораката да ја оставам на професионалците и да поминам низ "bike fitting" за точен избор на големина на велосипед, штелнување на позиција на седиште, педали и тн. Ретки се кај нас, ама ги има.

За Bianchi и Corratec можеш да ѕирнеш во Outdoor. Ама по тоа „прв ќе ми биди“ претпоставувам дека не си скопјанец :)

Specialized можеш да најдеш во Pro Sport.
Мислам дека овој им беше на попуст до пред некое време, околу 47.000, а овој е баш во рамки на твојот буџет :)

Прв апгрејд ќе ти бидат и SPD педали и патичиња, така да, оддвој уште 150-200 еур :)
 
Член од
27 март 2009
Мислења
180
Поени од реакции
4
Фала за одговорот!

Викендот ќе одам Скопје па сакам да разгледам да видам шо има шо нема. Ги гледав тие од Про Спорт, тој првиот Allez Sport ми делува добар.
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.314
Поени од реакции
29.018
Фала за одговорот!

Викендот ќе одам Скопје па сакам да разгледам да видам шо има шо нема. Ги гледав тие од Про Спорт, тој првиот Allez Sport ми делува добар.
Има неколку ривјуа на YouTube, а во повеќе видеа гледам дека го набројуваат Allez E5 Sport како еден од најдобрите road bike-ови за парите.
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Allez ви е најдобриот избор за почетен друмски велосипед.
Исто нема да згрешите и со Бјанчи. Јас имам Бјанчи виа нироне од 2013 на старо купен пред 4 месеци и точакот нема ниту најмала мана. Исто така дечките од Аутдор се топ професионалци и со редовно сервисирање кај нив точакот би ви траел цела вечност.

Што и да купите од овие две продавници (Specialized од Проспорт и Bianchi од Аутдор) ќе направите прав избор.

Исто така, би ви препорачал да ги разгледате велосипедите на германски Canyon. https://www.canyon.com/en-mk/road/endurace/al/
Се купува директно од веб страната и ти го испорачуваат точакот до дома. Одлични велосипеди со одлични компоненти и секако врвен германски квалитет.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
1.412
Поени од реакции
733
Pinarello se dobri za pocetnici, mozda FP Uno Alu 54, ili FP Team 44, Razha 55 itn. Se drugo e nad tvojot budget. Nz dali mozat da se najdat kaj nas, vo grcija sigurno gi ima.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.321
Поени од реакции
4.342
Имам еден солиден маунт бајк а веке некое време сакам и роуд бајк, пошто со буџет сум тапа да не речам нула :D сакам да закрпам еден половен стар за некој 50 до 100 евра.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
9.422
Поени од реакции
8.692
Исто така, би ви препорачал да ги разгледате велосипедите на германски Canyon. https://www.canyon.com/en-mk/road/endurace/al/
Се купува директно од веб страната и ти го испорачуваат точакот до дома. Одлични велосипеди со одлични компоненти и секако врвен германски квалитет.
Mногу лошо искуство имав со нив, ми ги погрешиле документите за поврат на данок за ДДВ, а потоа одбиваа да ја признаат грешката. Support службата им се некои Мексиканци/Индијци, неуслужни, не многу писмени, и во главно праќаат copy - paste пораки.

Инаку нарачување Canyon на странска адреса (на пример додека е човек на одмор), и потоа поврат на данок за ДДВ, е најевтин начин до добар роуд бајк.
Само моли се да не ти затреба support.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
14.076
Поени од реакции
947
И мене ми се педла роуд бајк у последно време, ме фати мерак. Се мислам за Cube Attain или Specialized Allez/Allez E5.

Да не сака некој да му шитнам моунтајн бајк Cube Analog 2017 купен летово, уште под гаранција и одлично сочуван? Го давам за 33.000.
 
На врв Bottom