Веќе веројатно досадив со прашања за гумите ама ме јаде јанѕа сега. Во моментов пишав имам на тркала тигар винтер1, сакам според буџетот (За повеќе од 2 немам буџет) максимално да земам 2 нови за погонските тркала (ме советувавте и вие и други што се разбираат, за сава). Е сега, дали ќе има проблем напред 2 нови сава, назад 2 постари од 2016та тигар, со оглед на тоа што се различни производители, односно порано беа со различна мекост (тигар беше тврда гума, савините беа помеки) или ќе нема проблем? Уште е рано, не се паднати температурите али отсега му ја мислам. И мислам дека ова ќе е последно прашање од мене за гуми (или меѓу последните, не ми замерајте, појма немам од гумарски комбинаторики)