Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Знае некој да ми кажe колку (отприлика) би ме чинела царина на Audi A6 2.4 бензинец од 2003 година.... :rolleyes: ?!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Дали е можно алтернатор да го преполнува акумулаторот, да го оштети и да се испразни? Утрото акумулаторот го најдов празен (проверив, немаше вклучено сијалици, радио...потрошувачи), го наполнив регуларно, го возев и за назад пак го најдов празен...така на двапати оваа недела. Ми рекоа дека алтернаторот не дека не го полни туку го преполнува па го има оштетено. Требало да се поправи алтернаторот и да се купи нов акумулатор.

Ми треба мислење дали вака нешто може да се случи, за да не фрлам пари џабе на поправка на алтернатор.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689

Можи ако е отиден реглерот... носи ја на авто електричар да ти ја проверат добро. Пошто можно е акумулаторот да е умрен и толку.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Значи сепак е можно.
Нешто така ми кажа и мајсторот, некој навој, калем ли, реглер, алтернатор, ги измешав и јас "брзините" :)...штета воопшто не се разбирам од автоелектрика. Фала Џиш
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Колку отприлика би коштало и каде би можело да се најде постар исправен мотор од томос над 6 коња?Не е битен преносот.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Каде се вади зелен картон за да можам да идам надвор од нашите граници со кола, која цена е и колку време важи?
Ми треба за на одмор 10 дена во Албанија.
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Член од
2 април 2007
Мислења
2.875
Поени од реакции
4
posocete kade moze da odam na servis za chevrolet vozilo vo Skopje. da ne e ovlasten serviser kako avto kuca , automakedonija itn. bidejki tie lupat za rabotna raka i delovi.
 
Член од
2 април 2007
Мислења
2.875
Поени од реакции
4
decki kade mozam da najdam najeftin O2 sensor za chevrolet matiaz 1.0 2005 . cenata mi kazaja deka moze da bide od 3500 do 9000 denari. (shto cudo ke beshe toa). mozam da ja naracam po intrenet ili od sosedstvovo nekade. koj znae ne ka pishe.
 
Член од
9 мај 2011
Мислења
84
Поени од реакции
35
дечки дали имате искуство со дачија сандеро оваа што е со попустов од 1600 евра за старо возило.
дали сте задоволни од колата?мислења и препораки...
поздрав
 
Kajgana Shop

На врв Bottom