Здраво,
имам проблем со Passat CC 2011 - 2.0 TSI - пред 10тина дена ми менуваа лагери на задни тркала заедно со амортизери и плочки (можеби е нерелевантно) но два дена по земање на колата од сервис ми светна EPC ламба и Check Engine.
Светеа по неколку секунди и се исклучија - но осетив дека колата при мала гас (во Neutral/Parking или при мала брзина) моторот не работи добро и трокира.
Односно при палење дига до 5-600 обртаи и веднаш гаси.
Ако ја запалам и држам под мала гас кратко време не гаси, но при тргнување под мала гас и кочење, се случува да изгаси.
Ја вратив колата во сервис и ми кажаа дека ова е чест проблем на VW при високи надворешни температури некое црево за гасови?! попуштало.
Не ја знам точната функција на цревото само видов дека стои пред моторот.
Го сменија цел сет, колата пак не функционира добро.
Ми сменија и свекици - неќе.
Во меѓувреме неколку пати ми светнуваа повеќе ламби (ABS, ESP, Steering wheel)
Зошто спомнав претходно за сервисот што ми го правеа неколку дена порано:
Ако ја запалам, држам некое време под мала гас и тргнам - возам 20 метри и застанам -
моторот се стабилизира односно работи добро како претходно но потоа при возење осеќам дека колата ја нема истата сила како претходно.
Бев и на второ мислење, вториот мајстор ми кажа дека фалело уље 1.5 литар и дека колата ми троши уље што укажува на проблем во моторот и дека најверојатно моторот е дефект односно ќе треба да се менува
Трето мислење беше разговор со пријатели кои се разбираат малку од механика, тие сумњаат дека при промената на лагерите имаат заебено нешто (сензори) што би можело да и дава грешни сигнали на колата.
Дали некој имал сличен проблем?
Очигледно дека сите мајстори погодуваат, а не сакам да и правам ремонт додека не сум сигурен што е проблемот.