argenthessis
Highflyer
- Член од
- 9 јуни 2011
- Мислења
- 1.612
- Поени од реакции
- 2.133
100€
DPF Off / EGR Off - 5000ден. ваѓање компјутер од кола врзување на лаптоп за да се направи ремап, наводно 2-3 сати процедура, толку време се мотав дур се јавија да си ја подигнам колата.
Ваѓање DPF - 1000ден. извадија лонецот искршија ситото и пак вратија лонецот кај што си стои.
Бонус по недела дена отидов на технички чисто од љубопитност со назнака посебно внимание да проверат на издувните гасови.
Се во граници на нормала.
На крај на тој што се знам му кажувам што како - Се изнасмеа и рече:
"Aко се водиме по стриктни регулативи треба 1/3 од возниот парк во државава да го пратиме директно на отпад." мислејќи на возила од '90тите и рани '00ти кои едвај се тркалаат по патиштава....
"Никого не охрабруваме да ваѓа еко филтри и нештото е сведено на морален аспект ама дека ќе се сети нешто на 1.3 Mjet со или без DPF, никој да не те лаже. Ако правиш модификации разлика се осеќа повеќе кај бензинците, бидејќи тие и повеќе загадуваат."
"На крај државава нема регулативи во Законот за Јавен Превоз и ти ако си комерцијално возило, комбе или таксист може да возиш ќумбе од возило произведено 1998-ма и со него да правиш 100.000км годишно. Кога тој не е подложен на филтрација и контрола за загадување што останало за обичен граѓанин кои трипати во годината ќе појде до Скопје или Охрид и назад и рестото му се 3-4км вожња во која колата не стасува ни да го загрее моторот како треба.
Друже никоја одржавана и исправна кола па и од 1998 да е, не чади...сигурно тие од фабрика не ја склопиле да чади зошто и тогаш имало какви такви стандарди барем за колите на запад.
Тоа што колите не се одржавани е друг муабет...имам видено и коли од 2015 кои прават магли чад, едноставно се е до сопственикот и колку му се вложува пари во колата, за некој исправна кола значи таа да пали и да се движи, чадењето е последен фактор.
Тоа со техничките е башка.
Последно уредено: