ваши совети и искуства за полирање фарови!
Јас полирав на Фиат Пунто, каде фаровите се од пластика.
1.Земаш кофа со вода и две врсти на фина шмиргла. Натопуваш со вода погрубата шмиргла(500 на пример) и треба да извадиш добар слој од пластиката. Тоа што ќе излегува од фарот треба да е како млеко. Не се плаши пошто фарот ќе стани матен,
2. истата постапка ја повторуваш со пофината шмиргла од 1500 или 2000 и добро го работиш фарот.
3.земаш полир паста(јас користев специјална за полирање на метал-ми ја даде пријател од една фирма што работи со метал, и ја нанесуваш на перничето од полирката. Полир машината не треба да е ставена на брзо, туку на што поспора брзина, доволно да не кочи. Како што врвиш со машината, фарот од мат се протвора во бистар и сјаен.
резултатот е голем, не е за потценување
ПС: за да не ја оштетиш бојата, све околу фарот обложиго со хартиена кремпт трака.