Јас ги имам откупувано сите печурки што ги спомна плус ливадарка (шајчиња), ѓурѓевка, смрчак, верпа (лажен смрчак) итн итн.
Со печурките цената може да се менува од минута во минута. Нема никаква гаранција.. Врган имам откупувано од 40 денари прва класа со 20 ден втора па до 1000 прва со 200 ден втора..
Истото и со ливадарките од 20 денари па до 300денари. Годинава ливадарките почнаа со 200 денари стигнаа до 50.. Смрчакот оргиналниот е најскап може да оди и до неколку илјади денари, годинава се движеше помеѓу 1000-1300. Верпата е околу 80-200 денари.
Рујницата е лани беше околку 150 денари. Лисичарката годинава почна со 600-800 денари. Сега е по 100-120 денари, а се претпоставува дека ќе припадне оти има доста.
Многу динамичен бизнис во секој случај..
Инаку јас живеам во демирхисар како што можите да видите од прикачениот список од 35-36 откупувачи во македонија 6-8 се од Демри Хисар (замислете вакво учество на откупници за град од 3000 житеели и ооштина од 6-7 илјади). И уште 100 други нерегистриани. Еден од најконкурентите терени е демирхисар за печурки.
Инаку Агрикоп-МТ фримата на списокот е од татко ми. Откупуваме покрај печурки и полжави, смрека, боровинки, трленки итн.
Инаку има искусни берачи што доста добро заработуваат. Имаше еден од битола за 30 дена заработи околу 300.000 денари само од смрчак. Еден друг во еден ден зеде 10.000 денари од смрчак за само 4 сати барање..
После познавам луѓе што секоја година си берат по 3 тона смерка.. Тоа е околу 3.000 евра..
Има луѓе што нонстоп си берат нешто и заработуваат солидно. Има и такви кои нонстоп берат па многу малце заработуваат. Сепак искуството е многу битно, а богами и среќата што ќе ја има човек на пазарот. Викам среќата оти сепак не зависи од тебе дали ќе излезе печурка во унгарија, латвија, летонија, естонија, бугарија, романија, полска итн а тоа може многу да влијае на цената.