- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.035
- Поени од реакции
- 12.559
Светски Шампионат во Снукер 2012
од 21 април 2012 до 7 мај 2012
во англискиот театар Крусибл во Шефилд
5 мај 2012
Петнаесетти ден - Полуфинале:
Стифен Мегваер 12:17 Али Картер;
Рони О'Саливен 17:10 Метју Стивенс;
Утре, недела, 6 мај 2012, и задутре, понеделник, 7 мај 2012, во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012, силите ќе си ги измерат:
Али Картер - Рони О'Саливен;
Али Картер и Рони О'Саливен веќе еднаш си ги имаат измерено силите во финале на светски шампионат во снукер, поконкретно, во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2008, каде што О'Саливен извојува победа над Картер со 18:8, со што по трет пат ја освои титулата светски шампион во снукер.
Од досега 11 одиграни мечови во кои Рони О'Саливен и Али Картер меѓусебно си ги измериле силите, Картер нема извојувано победа во ниту еден од тие мечови.
Дали во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012, кое ќе биде 12 меч во кој меѓусебно ќе си ги измерат силите Рони О'Саливен и Али Картер ќе се повтори досегашната пракса меѓу нив двајцата, или за прв пат Картер ќе извојува победа над О'Саливен, останува да дознаеме во недела, 6 мај 2012, и во понеделник, 7 мај 2012.
Според распоредот за недела, 6 мај 2012, објавен на официјалниот веб сајт на ЕуроСпорт, ќе се емитува програма во живо од финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2012 во следните термини:
Прва сесија:
од 16:30 часот до 17:30 часот на ЕуроСпорт 2
и од 17:30 часот до 18:30 часот на ЕуроСпорт;
Втора сесија:
од 20:00 часот до 23:00 часот на ЕуроСпорт.