Кинеско Отворено Првенство во Снукер 2012
од 26 март 2012 до 1 април 2012
во студентскиот гимназиум на Пекингшкиот Универзитет
1 април 2012
Седми ден - Финале:
Стифен Мегваер 9:10 Питер Ебдон;
Поранешниот светски шампион во снукер 2002 и поранешен британски шампион во снукер 2006, Питер Ебдон, денес, недела, 1 април 2012, ја освои 9-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, Кинеското Отворено Првенство во Снукер 2012, победувајќи го Стифен Мегваер во епското финале на турнирот со 10:9.
Откако Ебдон го освои првиот фрејм и го превзеде водството со 1:0, Мегваер го освои вториот фрејм изедначувајќи го резултатот на 1:1, по што Ебдон ги освои наредните 4 фрејмови, завршувајќи ја првата сесија со 5:1, порано поради маратонскиот четврти фрејм кој траеше повеќе од 1 час.
Во првата половина на вечерната сесија, Мегваер го освои седмиот фрејм, намалувајќи го водството на Ебдон на 5:2, по што Ебдон го освои осмиот фрејм, повторно зголемувајќи го своето водство над Мегваер, овој пат на 6:2.
Потоа Мегваер ги освои наредниве 2 фрејмови, со што повторно го намали водството на Ебдон, овој пат на 6:4, по што Ебдон ги освои наредните 2 фрејмови, повторно зголемувајќи го своето водство над Мегваер, овој пат на 8:4.
Во втората половина на вечерната сесија, Ебдон го одвои 11-от фрејм, повторно зголемувајќи го своето водство над Мегваер, овој пат на 7:4, по што Мегваер го освои 12-от фрејм, повторно намалувајќи го водството на Ебдон, овој пат на 7:5.
Потоа Ебдон го освои 13-от фрејм, повторно зголемувајќи го своето водство над Мегваер, овој пат на 8:5, по што Мегваер ги освои наредните 3 фрејмови по ред, со што по втор пат го израмни резултатот во мечот, овој пат на 8:8.
Потоа Ебдон го освои 17-от фрејм, повторно воспоставувајќи водство над Мегваер, овој пат на 9:8, по што само уште еден фрејм го делеше од победа во финалето. Но Мегваер го освои 18-от фрејм, израмнувајќи го мечот по трет пат, овој пат на 9:9, по што двајцата финалисти го одиграа последниот и одлучувачки 19-ти фрејм, кој беше освоен од страна на Ебдон, со што Ебдон во 2012 по втор пат во животот го освои Кинеското Отворено Првенство во Снукер, победувајќи го Стифен Мегваер со 10:9.
Ова е втора победа на Питер Ебдон во Кинеското Отворено Првенство во Снукер, ткако во 2009 извојува победа во финалето на истиот професионален рангирачки турнир во снукер, победувајќи го Џон Хигинс со 10:8, а исто така е и 9-та рангирачка титула во неговата професионална снукер кариера.
Нареден и последен професионален турнир во снукер за сезоната 2011/2012 е Светскиот Шампионат во Снукер 2012, рангирачки турнир кој ќе се одржи од 21 април 2012 до 7 мај 2012 во англискиот театар Крусибл во Шефилд, со што официјално ќе заврши снукер сезоната 2011/2012.