- Член од
- 28 јули 2008
- Мислења
- 10.785
- Поени од реакции
- 3.522
Сега снегов го расчисти воздухов бе кога беше онаа маглата и 600 индекс, сега е во минус..
Точно, тука не го ставам тоа во прашање, воопшто. Ги тргам настрана институтциите од типот “ијаааа снег во зима, какво изненадување“, се насочив исклучиво кон сообраќајната (не)култура, затоа што и кога нема снег, пак е истата песна, со блокирани раскрсници.Факт е дека нема сообраќајна култура, не е на нула, во минус е.
Само што е проблемот на службите кои треба да ги исчистат улиците, нема три метри снег паднато за да биде ваков хаос! Не може да се справат со обични врнежи од снег, цел сообраќај блокиран, препорачуваат да не се патува, каде се од улици и патишта да го средат тоа? Или кој и да е што треба да го среди. Ладно било, солта немало да биде ефикасна, има песок, има хемиски средства за да не смрзнуваат улиците и да не се прави лом.
Гледам и летовите од аеродромот се пренасочувале и откажувале, по улициве хаос, стварно чудна работа снег во февруари, сите се изгледа веома изненаџени и увреџени![]()
Сеуште имаш летни „коџак“ гуми?Не го бива за возење ова со скијашкиве терени, утре со Дорчо на работа.
Сега на Сител гледам истата ситуација.Не можам да измислам збор за такви луѓе, а и за овие од Македонија Пат шо се плашат од 20 цм снегПред малку поминав од кај Соборна. Семафорите си работат, проблем е што идиотите мислат дека истите не треба да функционираат кога врне снег. Еден кретен тргна на црвено сите по него и се блокира се живо. Не ми се верува кој се вози.![]()