Смртоносни нилски комарци и во Македонија?

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Куп нејаснотии по вестите за мртви и болни од вирусот „западен нил“ во Грција и во Бугарија.

Осип на кожата и потечени лимфни јазли, придружени со главоболки кои прераснуваат во дезориентираност, кома, парализа и во краен стадиум смрт, предизвикува вирусот „западен нил“, кој се пренесува од комарец на човек и кој ги даде првите жртви во Северна Грција. Иако починатите го добиле вирусот додека престојувале во Египет, од Институтот за јавно здравје велат дека е неизвесно дали комарците преносители ќе нападнат и во Македонија.

- Хипотетички, доколку во Македонија има комарец што го предизвикува вирусот, тогаш постои и опасност од неговото ширење. Комарецот нема микрочип, кој му вели„ќе боцкам во Грција, а нема да боцкам во Бугарија“. Затоа, од Египет, па се до Македонија, постои ризик. Досега немаме регистрирано ниеден случај, но доколку имаме заболен, тој ќе биде хоспитализиран и секојдневно ќе ги следиме состојбите - вели Жарко Караџовски од Институтот.

Паниката кај граѓаните дополнително се зголемува поради сезоната на одмори, кога има засилен бран туристи во Египет, Грција и во Бугарија. Од туристичките агенции не се информирани за оваа појава и тврдат дека досега ниеден клиент не им се пожалил ниту на кашлица.

На интернет веќе кружат фрапантни податоци за присуството на вакви комарци во Македонија. Надлежните го демантираат овој податок, но, сепак, апелираат граѓаните да носат облека со долги ракави и во светли бои, да поставуваат мрежи во домовите и да користат заштитни препарати. Исто така, се препорачува да не се престојува во паркови и во близина на мочуришта.

За разлика од незаинтересираноста во Македонија, бугарското Министерство за здравство веќе објаснува дека смртоносните комарци изгледаат и боцкаат исто како и обичните, но дека нивниот развој и репродуктивен циклус е поразличен и затоа не се размножуваат таму.

За три дена, вирусот „западен нил“ усмрти три лица во Грција. Исто така, бугарското радио „Дарик“ објави дека во северниот дел се хоспитализирани пациенти кои чекаат дијагноза и лекување. Вирусот е опасен посебно за старите лица и може многу брзо да ја зафати мозочната мембрана и да се претвори во менингитис. За вирусот „западен нил“ не постои вакцина или посебна терапија. Во изминатата деценија, повеќе земји од ЕУ прогласија епидемија, меѓу кои Италија, Шпанија, Франција, Романија и други.

Мирослава Симоновска Извор
 
С

сашенко

Гостин
Мразам КОМАРЦИ......штетници невидени се.Летово бев во село и лом ме попраиа целиот сум црвен по телото од нив.....ВАМПИРИ.Сеа уште и болести да носат фали...А за овие НИЛСКИ КОМАРЦИ немав слушнато до соега.Мене од нашиве ми е преку глава одамна не ни требаат нови...сопрете ги на граница..
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.069
Поени од реакции
4.716
Смртоносни нилски комарци......во Македонија НЕМА!
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Може слика од чудава? Ако се мали и црни... нека негира кој сака ама мене парче ме направија, кожата потекува се прави модринка и чеша ненормално
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Незнам дали ги има или ги нема... битно има нешто шо каса во државава... навечер, по темница... :)
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Епа прскаа против обични, не против овие носителите на нилскиот вирус или како и да се викаше.
Fuck, ете сеа пак ќе станам параноичен.

И да, сега на +90 степени јас ќе носам облека со долги ракави. Важи.

Еве еден таков гад на дело:
Mosquito_West_Nile_Virus.jpg
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.173
Поени од реакции
15.984
Глупости, само непотврдени работи и дезинформации се шират и се ствара непотребна паника кај народот. Ги видел некој, каснат е некој тука кај нас ?
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
У Македонија живеете, не не фаќаат нас вакви ситници.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
И мене не ми е јасно како америве станавме се што ќе се чуе на ТВ одма паника се прави.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.342
Поени од реакции
6.276
зијан хартија на овакви срање натписи со измислици дека иде апокалипсата од египетски комарец.....
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Пред некое време,ми се појавија како топчиња на нозете кои ужасно чешаа,прва помисла нормално дека ми се од комарци,сезона им беше. :)
Како што минуваше времето,тие се множеа,дури и на прстите на нозете ми се појавија. Некои од нив најпрвин имаа форма на обично црвено топче,но потоа,откако ќе го почешав,ми се дуеја и имаше гној внатре. Моите дигнаа паника,секој погодуваше за каква алергија можно е да се работи. Ме прашуваа што сум јадела ,најверојатно,за да потоа утврдат на што сум “алергична“. После толку муабети дека стварно имам алергија,на вести едно попладне на б92 мислам дека беше,имаше еден прилог за едни комарци кои што `ршум праеле низ Србија.
Имаше интервју со доктори од неколку болници таму,полни ходници,многу пациенти со истиот проблем. Дадоа слики од каснати места,раните исто изгледаа како оние што ги имав јас. Веќе ми беа во фаза на поминување,траеа околу 2 недели раните и навистина баш како што рекоа дека ќе бидат кога ќе поминат,такви беа. Помодрено место,но сеуште скроз не ми исчезнале.
Сигурно не се истите комарци како овие нилскиве,затоа што немав нитуеден од горенаведените симптоми,но сепак се работи за некој нов вид,кој што е присутен и тука.
Иначе кажаа дека комарецот не бил баш вистински комарец,туку половично комарец,половично мува. (двете најужасни работи на светот споени во едно). Така и изгледашe,ужасно.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Јас како што слушнав на вести, овие комарци се опасни само за старите луѓе и болните од срце или тие што имаат проблеми со респираторни органи. За здравите луѓе со добар имунитет веројатно не се опасност, и би било како убод од обичен комарец.
 

Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
Јас како што слушнав на вести, овие комарци се опасни само за старите луѓе и болните од срце или тие што имаат проблеми со респираторни органи. За здравите луѓе со добар имунитет веројатно не се опасност, и би било како убод од обичен комарец.
Тачно, и други имунокомпромитирани лица, ...со ХИВ, сида и болни од некаква инфекција во моментот, грип, настинка, херпес.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Нилски комарци се викаат зашто го носат вирусот „Западен Нил“, a не зашто треба да изгледаат џиновски :). Утре излегува втор текст со новитети. Останете со нас. J Zanetti, глуп си ти, али не си мутав. Отвори кој било весник во светов и ќе ја видиш веста, демагогу хејтерски. Поарно да не знаеш дека има вакви, или да знаеш? Кога известуваш зошто известуваш, кога не известуваш зошто не известуваш. Иди затвори се дома без медиуми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom