И Грујо на времето мафташе со популистички изјави, памфлети и себевоспевања, се расфрлаше со бројки од ракав во неговите бескрајни набројувања на странски компании кои што наводно ќе инвестирале. Ако само некој челник на некоја странска компанија му намигнеше на некој од неговите роудшоу покемони, уште наредниот ден свикуваа владина пресконференција со хвалоспеви за мега успехот.
Во конкретниов случај, лани економскиот раст беше средно мизерен, со едвај нешто над два насто, чинам. Еден од најниските во регионот. Вистина е дека ефектот од странските инвестиции се чувствува долгорочно, но цифра од скоро една милијарда евра како што тврдат не може да не биде забележана во економијата лани, а ланските економски проекции по сите параметри, и домашни и странски говореа за мизерна економска година. Патем, никаде не е споменато потеклото на тие пари, кои се тие компании што инвестирале а овие лани пропуштија да се пофалат за тоа.
И што к*р се крстат во тие странски инвестиции јас не знам, само знам дека 'рбетот на секоја стабилна економија е домашното стопанство, странските инвестиции се само надополнување.
И за кој стручен кадар зборат со вакво мизерно образование, се понашаат ко да сме Ирска па сме мета на високо технолошки компании. Сами велат, цитирам: "шест компании соопштиле дека донеле одлука за инвестиции во земјава, а последна е од фабрика за производство на кабли" за после тоа Муртињо Северџански да потенцира дека голем број од нив биле многу квалитетни, што само по себе е контрадикција и по автоматизам го наметнува прашањето: Што ги спречуваше тие "многу квалитетни" инвестиции да дојдат во текот на Груевизмот? Што толку Кочо и Заев направија изминативе 2 и кусур години, што завидоа толку во нас баш сега?
А, да! Оти името го сменавме и со една нога во нато сме биле. Баш економски причини се ова.