Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Паланчански

ГрЕбач
Член од
12 јануари 2008
Мислења
1.635
Поени од реакции
1.673
со таа Диплома може само во државна институција да работи
Не знам во кааква институција работи, платата му е нешто повеќе од 300€.
Студент на ФИНКИ (уште не дипломиран) има плата безмалку 1.000€.
Самото тоа кажува кој факултет колку е ценет (и колку е вреден).
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
3.870
Поени од реакции
1.886
Веќе утврдено, постојат факти и постои презенатција на истите!

Секако дека одредени појави-маси-култури-поединци гравитираат (и извираат) кон една или друга идеолошка матрица, никогаш и не сум тврдел нешто друго...
Но тие идеологии се разликуваат во однос на политичките, економските, социјалните права и слободи. (корпус на права и слободи)
Денес постојано се говори само за политички права, а се избегнува да се говори за економските права - мојот став е дека без економска слобода нема ни политичка (односно дека денешната политичка слобода е само илузија која се создава кај масите за полесно да се управуваат).
Имаш погрешна перцепција за комунизмот затоа и така го претставуваш (антикомунизмот се негува со децении така да ништо не изненадува), комунизмот пред се е борба за слобода (секоја друга поинаква презентација е спин и пропаганда кон масите дека многу слобода ќе им наштети на нивното здравје!). Некои девијации кои се случиле или се случуваат немаат ништо со таа мисла за слобода (Црпе се претставува како левичар а е еден од најбогатите во Северџистан, не е ли оваа демагогија во своја изворна форма?), не може “правецот“ кон слобода да биде лош правец, само ограничувањето на слободата е лош правец (референдумот е единствен инструмент на директна демократија во репрезентативната демократија и тој инструмент во Македонија беше поништен што потврдува дека секоја демоНкратија на крајот завршува во тиранија!).

Една молба, ако се може, во тек се подготовки за интензивнен brainwashing во пресрет на претстојните избори, дали би сакал ова да го оставиме за после 12 април, па на тенане спротивставиме гледишта, да не вршиме дефокусирање!

------------
@Ireal, алЦИАда е создадена таму некаде 1946/7 ако ме служи меморијата, така што @StefusRefus може да ни објасни како се нашле такви документи во нивните архиви
Се знае дека само дерегулација, деетатизација, приватизација и либерализација ќе донесе силен економски раст и благосостојба и вистинска слобода.
И едните и другите се на погрешен пат.
А желбите и замислите на најголем дел од луѓето во мк се погрешни, нереални и неостварливи.
Така да за состојбата е виновен народот и неговото незнаење.
Така да освен ако не се гласа за некој партија кој има вистински и правилни економски погледи осудени сме на ова за век и векови. Не сум многу читал дали некој од малите партии имаат баш такви погледи ама баш како што треба мислам дека никој нема. А дури и да има има нула шанси да стигне на власт.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
11.278
Поени од реакции
14.306
Бабава завршила ФОН ... вау мислам дај да си ги скинеме ние другите дипломите ..... Него ја да сум ревизија на сите дипломи издадени надвор од УКИМ и да видиме кој како завршил и колку платил за да заврши !!! Неписмена раја лопужи ја води државава, затоа сме тука кај што сме !!!
Седи мирен со вакви идеи, Заев на УКиМ има дипломирано. А и буквално сите силни советници, уставотворци и останати експерти. Дури и тие што го создадоа приватните факултети, се од УКиМ.

Така да, ако бараш извор на професионалната девалвација (или неизграденост, зошто никогаш немало професионални стандарди, па сега девалвирале) на македонското општество, тоа е УКиМ.
Автоматски споено мислење:

Не знам во кааква институција работи, платата му е нешто повеќе од 300€.
Студент на ФИНКИ (уште не дипломиран) има плата безмалку 1.000€.
Самото тоа кажува кој факултет колку е ценет (и колку е вреден).
Па, таа плата од 1000 евра, нема баш врска со факултетот, туку со капацитетот на тој што ја зема.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
6.220
Поени од реакции
5.392
Гледам на Мицковски татко му има многу иновацции и проекти и го има и Мицковски вклучено имат доста научни трудови ,ама чим се поврзал со ВМРО пиши пропоа свет начисто.колку и човек да е паметен иноватор треба да се поврзи со некоја влст да ги оствари своите идеие иновации.инаку ќе му пропадни изумот како на Ушевски со перпету машината
Татко му на Мицкоски беше голем авторитет на машинскиот факултет...доста ценет од фелата. АСкоро сите кичевчани земаа дипломска работа кај него(кичевчанец е ), а редовно како трет член во комисијата за одбрана на дипломски го земаше неговиот син...

исто како клановите на медицински....
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
28.046
Поени од реакции
33.444

Паланчански

ГрЕбач
Член од
12 јануари 2008
Мислења
1.635
Поени од реакции
1.673
Па, таа плата од 1000 евра, нема баш врска со факултетот, туку со капацитетот на тој што ја зема.
Се согласувам дека е така. Ама тие што имаат капацитет не студираат на ФОН. Таму е фрлање дебела пара за диплома која никој не ја цени. Битно е да се има некаква диплома.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
2.086
Поени од реакции
4.154
Мислам дека не е така. Прво е програмата и идеологијата. Лоша идеологија неможе никој да ја поправи дури и најдобар лидер.
Второ кадровски се сите исти и горе доле исто способни.
Трето повторување на првото за мене идеологијата е на прво место. Подобро полоши административци од потези во лош правец.
На Македонија и е лош правецот луѓето се менливи.
На пример јас за Левица никогаш не би гласал без разлика каков кадар има. За социјалисти и комунисти не гласам па и да се најгенијални управители.
Размислувањето човек пред идеологија е погрешно. Кога суштината е утната никаква харизма и убави зборови не ја поправаат.
Тито беше харизматичен и паметен но идеолошки тотално утнат и направи катастрофа потези.
Не ни треба втор Тито...
Но за жал многу размислуваат така и поради тоа страдаме.
Стефус во денешно време нема идеологија,туку само профит.Чичко Сорос веќе ја купи левицата и сеа таа мутира во неолиберализам.Ево на пример СДС уште ги сметаш за комуњари?Или пази богати лик ко Зинго да ти бил социјалист!Или Ахмети марксист!?:cautious:
 

Наќо Скопски

Lancia Delta HF integrale
Член од
3 април 2017
Мислења
4.919
Поени од реакции
9.129
Стефус во денешно време нема идеологија,туку само профит.Чичко Сорос веќе ја купи левицата и сеа таа мутира во неолиберализам.Ево на пример СДС уште ги сметаш за комуњари?Или пази богати лик ко Зинго да ти бил социјалист!Или Ахмети марксист!?:cautious:
Нема кај нас и во други банана држави
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
28.046
Поени од реакции
33.444
Сироти луѓе.
Оваа духовна утепаност, која ја гледаме и тука на форумов, е реална состојба, предизвикана од децениски живот во социо-економска утепаност. Нема како другачие да се објаснат овие јадни постапки (ѕверско грабње на крстот од рацете на друг и сл. ) кои ги гледаме секоја година.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
12.782
Поени од реакции
6.792
Член од
20 јули 2016
Мислења
3.870
Поени од реакции
1.886
Стефус во денешно време нема идеологија,туку само профит.Чичко Сорос веќе ја купи левицата и сеа таа мутира во неолиберализам.Ево на пример СДС уште ги сметаш за комуњари?Или пази богати лик ко Зинго да ти бил социјалист!Или Ахмети марксист!?:cautious:
Не се замарам со конкретни ликови, битни се делата.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
6.040
Поени од реакции
4.766
Сироти луѓе.
Оваа духовна утепаност, која ја гледаме и тука на форумов, е реална состојба, предизвикана од децениски живот во социо-економска утепаност. Нема како другачие да се објаснат овие јадни постапки (ѕверско грабње на крстот од рацете на друг и сл. ) кои ги гледаме секоја година.
Ova ne e ništo novo, poslednive decenija, dve decenii epten ja zabega narodov vo site možni pravci na životot i sekoi Vodici se slučuvaat vakvi cirkuzi i tragi-komedii, tepanje, kubenje, grebenje, tegnenje, pa i boksovi vo sred reka za koj da go zeme krstot i da lapne nekakva nagrada vo pari ili pak bela tehnika... Ušte eden dokaz za kretenizmot koj vladee deneska i dokaz deka ne postoi ni trunka sram i počit kon praznikot i verata, a groto od lugjeto se samoopredeluvaat kako vernici, isto taka i tie koi učestvuvaat vo fakanjeto na krstot se samodeklariraat kako golemi vernici, a vodat borba vo sred reka za eden televizor ili frižider da dobijat nagrada. Krivi se organizatorite na ovie nastani, crkvata, vo idnina ne treba nikakvi nagradi da se delat tuku samo fateniot krst da ostane kako trofej/nagrada vo racete na onoj što go fatil, pa belkim togaš nema da ima boks mečevi koj da go zgrapči krstot !
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom