Веќе утврдено, постојат факти и постои презенатција на истите!
Секако дека одредени појави-маси-култури-поединци гравитираат (и извираат) кон една или друга идеолошка матрица, никогаш и не сум тврдел нешто друго...
Но тие идеологии се разликуваат во однос на политичките, економските, социјалните права и слободи. (корпус на права и слободи)
Денес постојано се говори само за политички права, а се избегнува да се говори за економските права - мојот став е дека без економска слобода нема ни политичка (односно дека денешната политичка слобода е само илузија која се создава кај масите за полесно да се управуваат).
Имаш погрешна перцепција за комунизмот затоа и така го претставуваш (антикомунизмот се негува со децении така да ништо не изненадува), комунизмот пред се е борба за слобода (секоја друга поинаква презентација е спин и пропаганда кон масите дека многу слобода ќе им наштети на нивното здравје!). Некои девијации кои се случиле или се случуваат немаат ништо со таа мисла за слобода (Црпе се претставува како левичар а е еден од најбогатите во Северџистан, не е ли оваа демагогија во своја изворна форма?), не може “правецот“ кон слобода да биде лош правец, само ограничувањето на слободата е лош правец (референдумот е единствен инструмент на директна демократија во репрезентативната демократија и тој инструмент во Македонија беше поништен што потврдува дека секоја демоНкратија на крајот завршува во тиранија!).
Една молба, ако се може, во тек се подготовки за интензивнен brainwashing во пресрет на претстојните избори, дали би сакал ова да го оставиме за после 12 април, па на тенане спротивставиме гледишта, да не вршиме дефокусирање!
------------
@
Ireal, алЦИАда е создадена таму некаде 1946/7 ако ме служи меморијата, така што
@StefusRefus може да ни објасни како се нашле такви документи во нивните архиви