OK, разбирлива е пропагандата на едните или другите по социјални мрежи, пошто како иначе ќе јавне Курто ако не се симне Мурто. Проблемот на овој народ е што тој систем ќе си го применува на избори засекогаш и никогаш тркалото нема да го искрши.
ВМРО на Мицковски имаше шанса институционално да го попречува менувањето на името. Но, тоа не го направи. Ниту ќе го направи. Па побогу, самиот Мицковски заради таа кооперативност доби белег на подобен и сега ќе дојде на власт. Премногу наивно, дури и за креатури какви што има тука, е да се смета дека сега он ќе дојде и ќе го врати името.
Но и без таа завршена приказна има доста причини меѓу народов да се гласа за него, односно за Заев.
Мислам дека двете партии пак ќе имаат највеќе гласови. Иако сметам дека е редно да имаат најслаби резултати до сега.